Специална диета за топење на масните наслаги од стомакот

26 септември, 20150
9

Ви ја претставуваме диетата за рамен стомак и поголема самодоверба! За да го претворите својот стомак во магнет кој ќе ги привлекува погледите на спротивниот пол, е неопходно нешто повеќе од седумдневна диета или строго ограничување за краток период од време, а после тоа свирепо враќање на стариот режим на исхрана.

Затоа ви претставуваме, не класична диета, туку режим на исхрана, кој ви гарантира, дека бавно но трајно ќе се разделите со несаканите маснотии во областа на стомакот и половината.

Еве кои се основните чекори кон оваа така посакувана цел:

Растителните влакна треба да бидат основниот дел од вашето мени – можете да ги набавите преку овошјето, зеленчукот, полнозрнестата храна.

Секојдневно треба да пиете течности од 2-3 литри, а тоа да биде вода, сок од грејпфрут, лимон, зелен чај. Сите други сокови и алкохол се забранети.

Белиот леб и пециво се сосема забранети!

Млечните производи исто така се сведуваат на минимум, со исклучок на јогурт и кисело млеко.

Освен растителните влакна, другиот важен елемент во исхраната треба да биде белото месо варено и риба и морски плодови. Останатите видови месо се забранети.

Ваков режим на исхрана може да трае 2-3 месеци, при што гарантирано ќе ги стопите непријатните масни наслаги, а освен тоа ќе се чувствувате многу подобро, што значи подобрување на општата здравствена состојба и имунитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi