Тајниот пијалак за рамен стомак и потенок струк

19 ноември, 20150
10
Ако сакате водата, која е една од најздравите пијалаци, да ја направите дури и покорисна и ефективна во текот на губење на тежината, тогаш ќе бидете заинтересирани за овој едноставен напиток.

Овој волшебен пијалак ја намалува подуеноста и го подобрува варењето, а го добил името по нејзиниот творец – Синтија Сас, нутриционист.

Освежувачката вода “саси“ е вкусна и пријатна напивка којашто ќе го освежи вашето тело и целосно ќе го „истушира“ одвнатре. Во рок од 4 дена – без гладување, дури и без поддршка на бизарни додатоци, без теретана, ниту строга диета – можете да ги намалите мастите акумулирани на стомакот и да се стенчите дури и 10см во половината!

sasi voda sostojki

Потребни состојки:

· вода (минимум 8 чаши, може и повеќе доколку сакате)
· 1 лажичка рендан корен од ѓумбир
· 1 свежа краставица – излупена и исечена на тенки парчиња
· 1 лимон, средна величина, исечен на кришки
· 12 листови нане од градината

sasi voda2

Подготовка:

Наведените состојки се мешаат со водата. Ставете ја смесата да отстои преку ноќ, сите намирници да ја ослободат својата арома. Процедете ја и вашата течност е подготвена за пиење!

sasi voda1

Самиот пијалок нема да направи чуда, но во комбинација со умерена исхрана, поделена во 5 помали оброци, овошје и зеленчук кои содржат многу вода, како и редовна физичка активност, вашата половина ќе станува сè потенка, стомакот порамен и сето тоа без ниту еден ден гладување. Мотото зад ова е да се задржи телото хидрирано цело време со одржување на нивото на течноста што, пак, ќе спречи надуеност на цревата и тврда столица.

Ваша цел треба да биде да ја испиете сета вода до крајот на денот и да подготвите нова доза за следниот ден.

Неколку ‘треба’ и ‘не треба’:

Во овие 4 дена, следете ги следниве совети:

· Избегнувајте слатки.
· Избегнувајте храна и закуски богати со масти и калории.
· Почнете да конзумирате здрав зеленчук во помали порции
· Правете ги основните физички активности.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *