Три килограми помалку за само три дена

26 јули, 20150
23

Се ближат летните одмори, па ако сеуште не сте на една од многуте, сигурно размислувате за диета.

Со следниов рецепт можете да изгубите од 2 до 3 килограми за само 3 дена. Клучот е – медот.

Заради големиот број хранливи состојки, медот треба да се конзумира секој ден, а особено ако притоа сакате и да изгубите по некој килограм. Нутриционистите советуваат да користите само мед со проверен квалитет (природен), а предност се дава на темните видови мед.

Одиме на главното:

ДЕН 1

Доручек: 2 ровки жолчки помешани со лажичка мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе без шеќер.

Ручек: Ви требаат 100 гр сирење + 50 гр варени моркови + 50 гр варена брокула и 50 гр варен карфиол. Сето ова ставете го во блендерот и направете крем. Како додаток – чај или кафе со лажичка мед.

Вечера: Шолја бистра супа од зеленчук, кришка интегрален леб и 1 јаболка/круша/портокал. Пред спиење, напијте се чај од лимон.

ДЕН 2

Доручек: 2 ровки жолчки помешани со лажичка мед. Со оброкот пијте чај од лимон или кафе без шеќер.

Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажичка мед и 100 гр младо сирење. Со оброкот пијте чај од лимон или кафе.

Вечера: 150 гр риба или пилешки филети, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

ДЕН 3

Доручек: Повторно истиот рецепт како и претходните два дена, плус една јаболка.

Ручек: 50 гр сирење, кришка ‘ржен леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.

Вечера: 300 гр варен зеленчук, едно меко сварено јајце и шолја чај со една лажичка мед.

НАПОМЕНА: Секој ден, задолжително изедете пола лимон!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi