Зелен чај со портокал за намалувањето на апетитот и побрзото согорување на маснотии

6 јуни, 20150
11

Зелениот чај има многу позитивни дејства врз здравјето и телото како на пример намалувањето на апетитот и побрзото согорување на маснотии во телото.

Покрај тоа има и својства кои ја подигаат температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот.

Зелениот чај дава подолго чувство на ситост, што го прави делотворен во борбата против вишокот килограми.

Зелениот чај може да се збогати со многу додатоци, но најдобро решение за слабеење е комбинацијата со портокал.

Овој пијалак го прослави прочуениот доктор Оз кој нагласува дека 1 шолја чај дневно го забрзува метаболизмот за 12%, го регулира шеќерот во крвта и го зајакнува имунитетот.

На многумина зелениот чај не им е највкусен, па затоа додавањето на портокал или грејпфрут ќе ви помогне да го засакате.

Потребни состојки за овој пијалак за слабеење:

  • 1l вода
  • 5 вреќички зелен чај
  • 1 портокал
  • Свежо нане

Подготовка:

Во 1 литар врела вода ставете ги ќесичките чај и оставете ги само 3 минути. Добро измијте го портокалот и исечете го на кругови. Додајте ги ментол листовите и чајот оставете го во фрижидер да отстои една ноќ.

Оваа количина е доволна за 2 лица во текот на наредниот ден. Ако подготвувате само за вас, преполовете ги состојките.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *