Богови на флертот: Ова се четирите хороскопски знаци кои најдобро заведуваат

29 мај, 20150
13
Нема кому не му се забавни волшебствата на слаткиот и невиниот флерт. Сепак, на некои оваа вештина им оди навистина од рака, а астролозите велат дека покрај карактерот, на оваа способност многу влијае и хороскопскиот знак.

Според астролозите, токму овие четири астро знаци ги рушат сите рекорди во заведување.

Лав

Освојуваат без конкуренција, суптилно и со многу силна имагинација. Ќе ви пријдат полни со самодоверба, со неодолив шарм и со насмевка која ќе ја осветли целата просторија. Лавовите се “градски ликови”, ги познаваат сите важни луѓе и со сигурност не може да ви биде досано со нив. Тие ќе направат да добиете кралски третман, а поради фактот дека се познати како големи џентлмени, дополнителни поени ќе добијат i поради своите убави и помалку заборавени манири.

Припадниците на овој хороскопски знак не сакаат да губат и секогаш одат на победа. Заведувањето токму за нив е повеќе од мозочна гимнастика, тие уживаат во секој чекор од освојувањето, па дури и ги интригира кога ќе мора малку повеќе да се помачат околу некоја личност. Лавовите се исто така страствени љубовници, па бидете сигурни дека “возењето” со нив ќе биде едно комплетно искуство.


Скорпија

Кога скорпијата ќе влезе во просторија, едноставно нема кој не ја забележува. Нејзиниот продорно безобразен поглед освојува и без допир, а кога таа ќе го избере својот плен, го освојува за само неколку часа. На скорпиите особено им оди од рака невербалната комуникација и често ја користат додека внимателно слушат за вашата кариера.

Нема ни да бидете свесни дека Скорпијата уште на самиот почеток на вечерата ве избрала токму вас за иден парнтер, а вие веќе ќе се најдете во нејзината прегратка. Во креветот се перверзни и уживаат да водат љубов со часови, а на себе најчесто носат заводлива и скапа долна облека.


Близнаци

Близнаците имаат интересен пријателски пристап кој впрочем речиси секогаш ја завршува целата работа. Како духовити, особено шармантни, но и образовани, Близнаците се толку многу забавни што некогаш би можеле да минете и повеќе часови во разговор со нив. Имаат неодолива харизма која просто ги привлекува луѓето околу нив. Тие се максимално позитивни и дружељубиви и никогаш нема да направат да ви биде непријатно со нив.

Рак

Тие се полни со сочувства, разбирања и љубов за вас во секој миг. Имаат бескрајно големо срце во кое може да се сместат сите ваши стравови, падови, успеси и желби за во иднина. Покрај ракот ќе имате и најдобар пријател кому ќе може да ги доверите и најголемите тајни. Често од пријателствата произлегуваат и преубави љубовни врски, па токму затоа размислете за тоа кога следниот пат ќе излезете на кафе со својот најдобар пријател Рак.

Покрај Ракот ќе расте и вашата самодоверба, а сексот ќе добие една сосема нова димензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi