Дали постои „вистинскиот“?

22 јануари, 20180
7

Веќе подолго време сте во лов по вистинскиот дечко и се надевате дека еден ден принцот на бел коњ ќе дојде на вашиот праг и животот ќе ви го претвори во бајка, која ја сонувате уште откако бевте мало девојче и за прв пат ги изгледавте Снежана и Пепелашка.

Но вистината е дека вие треба да го пронајдете вашиот принц во него!

На многуте поранешни момчиња ладнокрвно по завршувањето на врската им   ставате етикета  “погрешни“, но што ако сите тие биле вистински, а вие упорно сте ја барале „погрешноста“ во нив. Што ако сите тие мажи во вашиот живот се речиси исти, само различни во сферите во животот во кои се добри.

Наместо за неговите ситни недостатоци поубаво е да се фатите за неговиот преубав однос кон вас, убавата насмевка или широкиот дијапазон на теми на кои тој знае да разговара.

Принцови постојат само во бајките, а во реалниот живот има само обични мажи кои ние самите можеме да си ги претвориме во наши принцови ако се држиме за неговите  доблести наместо за неговата една маана.

Затоа кажете СТОП на потрагата!

Големиот број на сингл девојки се повеќе е доказ на вашите преголеми барања. Убаво е да знаете што сакате во животот, но уште поубаво е кога ќе наидете на нешто квалитетно да го увидите тоа во него и да знаете да го цените.

Вистинска љубов е кога сте во една стабилна врска да успеете да престанете со потрагата наоколу по подобри опции затоа што секогаш ќе се појави некој кој е поубав или подобар или попаметен или пообразован од вашиот партнер, но тешко дека ќе наидете на некој кој е се тоа наеднаш и плус ве сака толку многу и искрено како вашиот партнер.

Тајмингот е важен фактор!

Врската треба да ја заочнете во добар миг од вашиот живот, кога вие сте поминале и проживеале доволно, имате животно искуство и љубовни грешки зад вас, кога целосно го преболевте бившиот, кога сте оформени како личност, кога знаете што сакате покрај себе и сте спремни за нова фаза во вашиот живот во која е намален бројот на ноќни пијанки со пријателките до раните утрински часови…

Преголеми барања

Иронијата е што секоја девојка во светот го бара вистинскиот. Оние со помали апетити и ќе пронајдат свој принц, но оние жени со силен карактер неретко поради своите преголеми барања остануваат сами и на крај го губат дури и она кое стоело пред нив.  Ако нежно ви шепоти пред да заспиете, ве гледа со сјај во очите, ве цени вас и луѓето околу вас, има цел во својот живот – дадете му шанса! Можеби токму тој е принцот!

Никогаш нема да пристигне некој на бел коњ без траги во досието со златна круна на главата. Не постои таков да му тече млеко од устата, да ве сака само вас, да е наследник на кралство, да биде убав како роса, да биде  нежен како солза, да е маженствен како воин а цврст како карпа, да е верен како кутре, а да е љубовник како Казанова… Малку претерувате нели?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi