Една тешка, но научена лекција: Тоа што некој ме изневерил не ме сруши!

3 септември, 20150
8

Веќе неколку месеци живеевме одвоено и не дозволував да ме врати назад. Децата и јас живеевме удобно во домот на моите баба и дедо. Тука дојдовме едно попладне додека тој беше на работа. Оттогаш го видов двапати. Еднаш за погреб, а потоа за нова година.

Иако живеевме одвоено сè уште се двоумев околу тоа дали треба да побарам развод. Колку и да се однесуваше лошо со мене, барем имав финансиска сигурност покрај него. Продолжи и натаму секој месец да ни испраќа пари и постојано бараше да се вратам назад.

Покрај неговите периодични повици, често следев што прави и на интернет, бидејќи тој беше вработен во локалната општина и постојано имаше информации за него на медиумите. Едно утро наидов на статија за неговата афера. Првата реакција ми беше да прснам од смеење. Не дека не ми беше тешко… Сликата од него гушнат со неговата асистентка…

Истрчав кон мојата баба да и ја покажам статијата. „Можеш да веруваш во ова?“ Со месеци се чудев зошто одеднаш е толку далечен и воопшто не се грижи за моите потреби. Знаев дека постои причина зошто се чувствувам неудобно и непријатно во сопствената кожа. Иако не можев да најдам никакви докази дека ме изневерува, знаев дека мојата интуиција е во право.

По оваа статија, на површина излегоа уште многу информации за него. Дознав дека има вонбрачни деца од кое едното се родило еден месец пред да се венчаме. И како што новинарите започнаа и мене да ме притискаат за било какви информации или коментари, чувството на вина дека го напуштив целосно исчезна. Се ослободив.

И му благодарам на Бога што го напуштив тогаш. Мојот живот ќе беше далеку попеколен ако сè уште живеевме под ист покрив тогаш кога се дозна за неговата афера. И излегоа уште многу работи за него. Тој живеел двоен живот. Како воопшто да не го познавав…

Дали бев повредена? Да. Но, имав мали деца за кои требаше да се грижам и токму тој инстинкт ме натера да преминам преку моите рани и да се фокусирам во друга насока. Покрај моите деца, најдов утеха и во продолжување на моето образование. Стигнав до својата магистерска диплома.

Грешката во изборот на мојот маж произлегуваше од моето лошо воспитување. Тоа сега го знам.

Полека но сигурно се вратив на моите корени.

Тоа што некој ме изневерил не ме сруши.

Тоа што живеев со човек кој воопшто не го познавам, не ме сруши.

Четири години подоцна, јас сум повторно среќна и живеам мирен живот.

Една тешка, но научена лекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi