Индиски совети за здрава врска и вечна љубов

29 мај, 20150
1

Односите во една врска не се само розови. Често, дури и кај идеални парови, се случуваат конфликти и има тешки моменти на искушенија.

Мудроста на индиската култура дава некои многу едноставни и логични совети кои треба да ги следиме, за успех во партнерството:

1. Никогаш не дозволувајте гневот да надвладее. Гневот ја убива љубовта! И тоа брзо и болно. Во првите минути, кога се чувствувате обземени од гнев и само гнев, обидете се да го надминете внатрешно, без да го “истурате” на човекот што го сакате.

2. Ако сепак сте пројавиле гнев, тогаш не се срамете први да побарате извинување од партнерот. Тоа е достоинствено и соодветно решение што ќе ги зајакне односите.

3. Не покажувајте љубомора – љубомората е резултат на чувство на сопственост, а никогаш не смее да се заборави дека човекот до вас не е предмет, тој доброволно побарал да го сподели животот со вас. Љубомората исто ја убива љубовта, но полека и болно.

5. Стани му најдобар пријател на партнерот – односите во една двојка треба да се длабоки и вистински на сите нивоа во комуникацијата. Поддршката и чувството за безбедност се основни фактори кои ја поддржуваат љубовта и ја засилуваат. Никогаш не замижувајте пред проблемите и грижите на својот сакан и трудете се да му помогнете на секој начин.

6.Манифестирајте нежност, грижа и внимание. Дури и ако вашиот партнер е оддалечен од вас и зафатен со други мисли, не се отуѓувајте од него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *