Јас сум жената на неговиот живот – ти која си?

11 јули, 20150
9

Јас сум онаа која му го зароби срцето!  Јас сум онаа која е подобра од секоја негова бивша и идна. Јас сум онаа што го направи најсреќниот човек на светот, и после која нема да сака така силно ни една друга! Јас сум неговата болна тема! Кога те бакнува си замислува дека тоа се моите усни!

Кога го прашуваш како е, тој всушност сака да ти каже: Не ми е добро! Не можам без неа! Но, не ти одговара, молчи.

Кога ги гледа твоите очи маскирани со премногу шминка, му текнува на моите, кои зрачеа со љубов! Кога ги троши парите на тебе, знај дека мене ми даде нешто многу поскапо – срцето. Ме гледаш со омраза, но се смееш. Затоа што е со тебе или затоа што не престанува да мисли на мене?

Ти, ти, која беше ти? Зошто ако вредеше нешто, сигурно ќе ти го знаев името!

Ти си само бројка во неговиот список, и со тебе си го пополнува слободното време! Ти и останатите, кои мислите дека го освоивте моето место, дека ме заменивте – грешите! Јас го обележав со спомени засекогаш! Љубовта, која ни една од вас нема да успее да ја избриши! Јас сум таа чие име го знаат сите бивши и идни. Јас сум таа од која сите тајно се плашат! Јас сум жената на неговиот живот, ти која си?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi