Како да му покажете дека сакате орален секс

9 ноември, 20150
8

Кога мажот сака орален секс, што е, всушност, многу често, ништо не го спречува тоа да го побара од вас. Зошто тогаш на жените им е многу потешко? Соберете храброст и низ некој од овие начини кажете му на партнерот што сакате.

Кажете што сакате

Најлесен начин да дојдете до орално задоволство е јасно и гласно да се изјасните. Ако ви е непријатно да му пристапите толку директно, искористете некоја од ситуациите во кревет која е пригодна за тоа, и побарајте. На пример, откако орално ќе го задоволите, кажете му „а сега ти си на ред“. Мажите сакаат жени кои знаат што сакаат и затоа тој со задоволство ќе ги задоволи вашите желби.

Заборавете на грижите

Жените често избегнуваат орален секс поради грижите околу мирисот и вкусот таму долу. Ако тоа го нагласувате во кревет, партнерот навистина така и ќе си помисли. За тоа нема потреба, бидејќи феромоните кај жените имаат природен мирис кој е привлечен за спротивниот пол.

Заведете го

Баш како што жените се прашуваат дали правилно работат кога е оралниот секс во прашање, истото се случува и со мажите. Исто така, важно е на партнерот да му кажете кога тоа го прави добро, а ако сакате нешто поразлично, покажете му со раце или со зборови. Не бидете строги, туку нежни, бидејќи тој сигурно сака да уживате.

Поза 69

Познатата поза 69 е идеална за партнерите да се забавуваат истовремено. Доколку тоа сè уште не сте го пробале, запознајте се со магијата на оваа поза, опуштете се и фокусирајте се на тоа како оваа предигра да биде жешка подготовка за главниот чин.

Депилирајте се

Уредниот интимен дел од телото на мажите им е многу попривлечен. Освен тоа, дајте му полесен пристап до клиторисот и ќе има повеќе самодоверба со тоа што го прави, па полесно ќе се опушти и ќе се фати за работа. Без разлика на тоа за кој стил на депилација сте се одлучиле, тој ќе се возбуди веднаш штом ќе сфати дека поради него повеќе сте се потрудиле.

Гледајте порно филм

Уште еден начин е заедно да гледате порно филм, а на тоа нема да противречи ниту еден маж. Идеален момент да предложите орален секс е кога тоа ќе се случува и во филмот. Едноставно кажете му дека би можеле да пробате нешто такво. Веднаш.

Побарајте целосен третман

Следниот пат кога ќе бидете интимни со партнерот, побарајте да ве бакнува по целото тело, а кога ќе се приближува до стратешкото место, бидете погласни и со воздишки на задоволство и одобрување. Тоа секако ќе му биде показател за тоа дека посакувате орален секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *