Како да препознаете дали вашиот партнер има емоционалната афера?

25 април, 20150
6

Неверството најчесто го поврзуваме со сексуална врска со друга личност, но се лажете себеси доколку сметате дека емоционалната афера не е неверство. Таа е можеби најлошиот облик на неверство, бидејќи не станува збор за изневерување од страст, напротив, кај оваа афера емоциите се тие кои ја предизвикале, и сериозно се закануваат да го уништат бракот или врската.

Како да препознаете дали вашиот партнер има емоционалната афера?
Најголем дел од емоционалните афери започнуваат на интернет или на работното место. Ова се само дел од знаците кои укажуваат на овој вид на неверство:

  • Ако до пред некое време не покажувал/а интерес за компјутерот, а сега постојано со некој се допишува и поминува долго време пред компјутер, можеби станува збор за допишување со одредена личност.
  • Ги променил/а лозинките за да немате пристап до неговиот/нејзиниот меил и профил.
  • Често разговара на телефон доцна во ноќта, праќа пораки од мобилниот или добива пораки во доцните часови кога мисли дека спиете.
  • Не разговара со вас за проблемите, но често знае да го спомне колегата или колешката од работа, зборува со восхит за нивниот однос, раскажува колку си помагаат меѓусебно и колку добро се разбираат.
  • Останува подолго на работа, многу често се дружи со одредена личност од работа и надвор од работното време.

Иако овие знаци укажуваат на неверство, не носете избрзани заклучоци. Размислете за однесувањето на партнерот, набљудувајте го некое време, не го обвинувајте веднаш, без да ги знаете причините за неговото однесување.

Што е причината за емоционално неверство?
Семејните проблеми, несредените односи во семејството, недоволната љубов, грижа и внимание од страна на партнерот се некои од причините за неверство. Кога човек не добива доволно љубов и внимание дома, а го добива на некое друго место, од трета личност, лесно може да развие емоции кон таа личност и пријателството полека да прерасне во афера.

Доколку во 5-те знаци на емоционално неверство го пронајдовте својот партнер, време е да се запрашате што е тоа што не функционира во вашата врска, па довело до неверство.

Голема е веројатноста во знаците на емоционално неверство да се пронајдете и себеси, па запрашајте се дали вашето пријателство со одредена личност полека прераснува во нешто друго.

Без разлика од која страна доаѓа неверството, од вас или вашиот партнер, најдете начин да ставите крај на аферата и обидете се да го зачувате бракот или врската.

Понекогаш живееме само за моментите на малку среќа и внимание и дозволуваме да нè понесат, а притоа забораваме на последиците. Емоционалното неверство е нешто кое мора да се сече уште во коренот, пред да биде премногу доцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *