Како да препознаете дека сака да ве откачи?

30 јуни, 20150
15

Кога мажите ви кројат планови зад грб тоа може да се забележи и по неговите постапки. Доколку тој решил дека вам не ви е судено, ќе го покаже тоа уште пред да добие можност да ви соопшти дека е крај.

За да го спасите бродот пред да потоне или да се поштедите од епитетот “оставена“ барајте ги следните знаци:

Не се јавува често како порано

Доколку порано се јавуваше секогаш кога ќе помисли на вас, сега исто како воопшто да не мисли. Ако вие не кренете слушалка, може да се случи да не се чуете со денови. Очигледно нема време да ви посвети ни 5 минути од денот.

Постојано е зафатен

Ретко кога е достапен за разговор а уште помалку за средба. Од секој ден излегување, сега се гледате едвај двапати во неделата. Нормално, откако претходно сто часа ќе го молите да најде време.

Ги игнорира вашите пријатели

Ова е одличен чекор да се одалечи вас и сé околу вас. Вниманието сега го посветува на други поинтересни личности со кои планира да излегува откако ќе ве шутне. Што се чудите, можеби некој од нив му мести нова девојка?

Нема заеднички планови

Како може викендите да сака да ги помине со други луѓе. Па, ете и да сака нешто да смени, зошто вие не сте поканета? Зар има шанси да му пречите? Токму така, му пречите подолг период штом не ве вика ни на важни настани.

Не остава ништо кај вас

Сите цедиња, книги, филмови, одеднаш си ги собра под изговор дека долг период планирал да собере сé што има оставено по куќи. Типична постапка пред раскинување. Човекот се плаши да не остане без нив, и зошто да се мачи отпосле да ве бара, вака додека е време.

Нема веќе кавги

Ако нема кавги, тогаш нема ни љубов. Штом ништо не му пречи, тоа значи дека станал рамнодушен кон вас и сеедно му е каде и со кого сте биле излезени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi