Какви се женските хороскопски знаци во кревет?

29 јануари, 20150
11

Овен

Жените во овој знак директно провоцираат. Не смее да и дозволите да ја води играта. Бидете малку погруби од вообичаено со неа, затоа таа сака секс полн со експлозии и страсти. Но, има еден проблем – не се љубители на експериментите и не се егзибиционисти. Не сакаат кога сексот трае предолго, затоа што по природа се нетрпеливи. Штом го добијат она што го сакаат, без проблем заминуваат од креветот.

Бик

Жените родени во знакот на Бик по природа се емотивни, па мора да бидете нежни додека ги освојувате. Гледајте ги, делете им комплименти и не брзајте за да ги однесете во кревет. Но, својата трпеливост наплатете им ја во креветот. Кај жената Бик ништо не е на брзина. Мора да го знаете редот – таа сака заведување и долга предигра. А, по сексот ќе сака да се помази уште неколку минути.

Близнаци

Со жената родена во овој знак можете да водите љубов каде ќе посакате – преку телефон, во автомобилот, па дури и во тоалетот. Кај неа не палат скапи подароци, за неа ќе треба да смислите добра приказна. Ќе биде со вас само додека сте и интересни. Започнете со нежни зборови, но завршете со секси приказни. Предупредување: Големи се шансите дека по сексот ќе го загуби интересот.

Рак

Жените Ракови се опуштени, сакаат да глумат незаштитени и бараат цврсти докази за љубов. Тука се јавува проблем доколку вие сакате да и понудите само секс. Дури и ако успеете да ја заведете набрзина, треба да знаете дека се впуштате во врска. Запаметете дека со неа не смее ни да пробате секс на јавно место, затоа што моментално ќе ве остави.

Лав

Лавицата најмногу ќе ве измачи. По многубројните обиди може ништо да не добиете и да направите будала од себе. Кај нив важи правилото дека вие вложувате – тие добиваат, а не обратно. Што значи, флертот започнува со комплименти кон нејзината убавина. Потоа, откако таа ќе ве измери од глава до пети, ќе ви каже каква проценка донела. Ако ја добиете, ќе уживате во маратонски секс.

Девица

За Девицата ќе ви треба најголемо трпение. Пронајдете начин како да ја држите заинтересирана, а да не глумите недостижен. И уште нешто – морате строго да водите сметка околу хигиената и да не ви падне на памет да ја допрете ако претходно не сте се истуширале. Девиците сакаат чист секс, па затоа мали се шансите дека ќе ви ги исполнат еротските фантазии.

Вага

Вагата сака додворување, подароци, скапи ресторани. Ќе се согласи на секс без проблем, но не сметајте дека ќе добиете еротски игри во кои со неа можете да бидете груби или перверзни. Нема да бара од вас некоја длабока врска, но сака кога се чувствува почитувано и разгалено, дури и во креветот.

Скорпија

Внимавајте! Кога се работи за секс со Скорпија, бидете подготвени да го дадете својот максимум. Тие се жените кои сакаат да се расправаат, па потоа да ви се одолжат во кревет. Нив ги возбудуваат драматични ситуации, па доколку сте нежен и внимателен, шансите ви се речиси невозможни. Нема потреба од преговори и покани, жените Скорпии сами ќе ве одведат во кревет, само треба да сакаат.

Стрелец

Жената Стрелец сака див секс, ризик и невозможни ситуации. Кај неа предизвик е она што за сите други жени е незамисливо. Со неа можете отворено да разговарате за сексот, и ако сака да ужива едноставно ќе ви каже: „Ајде!“ Лесно ќе се согласи на водење љубов во парк, на јавно место, лифт, во било кое време.

Јарец

Жените родени во овој знак бараат заштита и наклонетост исклучиво кон нив, како во животот, така и во сексот. Срамежливи се, но кога малку ќе ја охрабрите и ќе ја заслужите нејзината доверба – патот до спалната соба ви е загарантиран. Задолжително исполнувајте и ги желбите во креветот, затоа што тоа е единствениот начин да ви ја возврати „услугата.“

Водолија

Водолиите сакаат да им пријдете на необичен и оригинален начин. Таа точно знае што сака, а во креветот веднаш презема инцијатива. Кај неа нема длабоки емоции, сè е забава. Најдобро е да го побарате она што го сакате, директно и без срам, ако сакате истото да го добиете. Но, не се чудете ако имате непристојна понуда проследена со секси помагала и играчки.

Риби

Жените Риби се претерано чувствителни, па токму затоа сакаат долга предигра. Со неа никогаш не знаете што ве чека, но сексот никогаш нема да биде досаден. Бидејќи по природа сакаат да фантазираат, замислете колку креативни можат да бидат и во креветот. Ако го пронајдете вистинскиот начин, од неа ќе добиете буквално сè, вклучувајќи ја и вашата најголема еротска желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *