Категории на жени: Еве како момците ги класифицираат девојките

25 април, 20150
6

1. Секс за една ноќ – Девојка со која спијат само еднаш, а се’ уште важи за „лесна“. Обично се работи за привлечна девојка со многу самодоверба и колку и да зборуваат мажите дека не се заинтересирани за таква, би скокнале со неа во кревет кога би имале шанса.

2. Добра девојка – Таквите девојки мажите ги ценат, но не се сигурни дека е добра за нив. Попрво би им била пријателка.

3. Девојка за утеха – Таа е секогаш слободна кога им е потребна и знаат дека ќе им се јави на телефон. Со неа не мора да излегува и да и’ купува подароци. Мажите кои го имаат овој луксуз, обично добро изгледаат и секако имаат полна поддршка од нивните пријатели кои едвај чекаат сочни детали.

4. Недостижна девојка – Таа е супер секси, супер згодна и има супер професија. Затоа и’ приоѓаат самоуверени и згодни момци, додека останатите воопшто не се осмелуваат да и’ пријдат, мислејќи дека се работи за некоја арогантна и возљубена личност.

5.Самозалажување – Ако мажите не сакаат нешто кај девојките, тоа е она кога тие глумат дека се најубави на свет и како сите за нив „велат дека се неодоливи“. Всушност, ги сожалуваат зошто знаат дека се осамени поради нивните високи критериуми.

6. Материјалистки – Таа е убава и паметна, а дружењата со неа се луди и незаборавни. Меѓутоа – со неа не можеш да бидеш ако немаш длабок џеб. Ваквите девојки најчесто се од „елитните кругови“ и понекогаш имаат екстремни барања.

7. Забранета девојка – Девојката на другарот е теоретски забрането овошје. Но, без оглед на тоа колку и да е нивната врска нестабилна, некои машки кодекси ретко кога ќе се прекршат.

8. Девојка со спонзори – Сите ги знаат ваквите девојки. Таа ќе биде само со оној кој може да и’ oвозможи она што таа го посакува. Момците не ги сметаат ваквите за нужно лоши, но свесни се дека за да им го привлечат вниманието парите се од голема важност.

9. Конзервативни – Тие не сакаат ниту да зборуваат ниту да размислуваат за секс. На состаноците се толку вкочанети, што најчесто првиот состанок им е и последен со истиот маж. Иако знаат се’ за сексот, изјавуваат дека тоа е нешто лошо и валкано, а ваквиот имиџ кај мажите остава впечаток на лицемерно однесување.

10. Госпоѓица Совршена – Ниту еден маж нема точна дефиниција или опис за совршена девојка, но таа станува тоа во моментот кога тие ќе се „затрескаат“ во неа. Единствениот совет за тоа како да станете таква е да бидете своја и да знаете како да ја прикажете вашата женственост.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi