Женски хороскоп за пролет/лето 2016 година

3 март, 20160
1

Што ти подготвиле ѕвездите за престојната топла сезона? Дали ќе се издигнете во професијата или пак ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот? Проверете си:

Овен
Љубов, нов партнер и зголемување

До 11 август Јупитер ќе биде во Лав – петтиот твој дом кој е задолжен за романтиката, страста, креативноста и самоизразувањето. Имаш уште неколку месеци, во кои можеш да разбиеш барем неколку срца. Ако сакаш да свртиш нова страница, ќе имаш врати, на кои можеш да затропаш. Прашањето е дали си подготвена за промена, бидејќи петтиот дом  не само што носи романтика, но и плодност. За овни, кои копнеат за деца, ова е добра вест. Останатите треба да бидат внимателни и да користат заштитни средства. Освен во љубовта среќата ќе те придружува и во работата.

 

Бик
Бебе или миленичиња
Поволните промени со кои ти започна годината, во почетокот те исполни со ентузијазам. Тој малку по малку згаснува, па на преден план испливува заморот од дополнителните ангажмани. Во мај Ти претстои важна средба. Емоционалната интелигенција треба да ти е на втор план, за да не се повторуваат грешките од минатото. Јупитер е во четвртиот дом до 11 август, што отвора можност да купиш или да продадеш имот, да го зголемиш семејство (ова вклучува и евентуална бременост или нов миленик) или сериозна промена во начинот на живот.

 

Близнаци
Нови идеи, нова среќа
Пролет процвета и дојде време да излезеш од зимскиот сон. Насочи ја неисцрпната енергија во проекти за самообразование и најди начин да ги споделиш новите идеи со луѓе кои ќе ги ценат. Ова ќе се покаже плодност. Оваа година Сатурн поминува низ Стрелец – седмиот дом, одговорен за обврските и врските. Тоа значи дека главен акцент ќе има односот со другите. Како Близнак сакаш да избегаш од обврските, но во 2016 година ќе мораш да земеш некои важни одлуки како во личниот, така и во професионалниот живот.

 

Рак
Каде е богатство?
Излези од дупката, бидејќи околу тебе се вртат многу пари. Можно е оваа година да имате најголеми примања во вашиот живот. Клучот за успехот можеби се наоѓа во случајното решение кое ќе се случи во јуни. Сакаш спокојството на домот и животот без стрес и промена, но сега имаш ретка можност. Не ја испуштајте шансата поради стравот од нешто ново и непредвидливо. Грижете се за вашето здравје. Јадеш премногу нездрава храна, а твоето тело има потреба од прочистување. Започнете здрав режим на исхрана со повеќе салати и овошје.

 

Лав
Направи ново CV, ве очекуваат промени
Секој Лав сака да слушне: “Ова е ВАШАТА година!”. Па, добро, кога, ако не сега, ќе го слушнеш со добра причина: Лавови, ова е вашата година. Во животот секој има моменти во кои се отвараат не една, туку истовремено сите дупки кон идните успеси. Во наредните месеци можеби ќе ја почувствуваш среќата на промени. Време е сериозно да се зафатите со она што го правите најдобро. Побарај ново работно место и направи ново професионално CV – токму сега не е соодветно да се однесуваш со презир кон својот талент и да ги испуштиш сите  важни можности.

 

Девица
Крај! Стануваш забавна
Оваа година ќе се одморам. Ова е спротивно на амбициозната кон која се склонат твоите прецизни планови , но Јупитер е во Лав – 12-от твој дом, а тоа значи да не избрзуваш  со ништо. Единствениот правилен начин да ги контролираш нештата, е како се откажеш од контролата. Насочи го вниманието кон проштевање и помирување  со луѓете со кои сте раздвоени. Во 2016 година ќе заминеш на патување во твојата омилена дестинација – каде ќе имаш малку одмор за левата хемисфера на твјот мозок. Извади ја прашината од гитарата во плакарот, или велосипедот од гаража или земете ги четките и боите и дејствувај!

 

Вага
Нови пријатели
Колку и да е чудно за комуникативна  жена како тебе, сега е времето да ги зголемиш твоите пријателски кругови. Заедно со старите верни другари ќе запознаеш нови познанства кои ќе прераснат во прекрасни пријателства. Јупитер (планетата на патник) е во 11-от дом кај тебе – домот, кој е поврзан со социјалните врски и новите технологии. Почни да водиш нов блог или веб-сајт. 2016-та е годината на добротворноста. Секоја акција во таа насока ќе ти се исплати десеткратно – макар и во нематеријални аспект.

 

Шкорпија
Ќе блеснеш…
Во споредба со она што беше минатата година, 2016 година ќе биде среќна за тебе. Веќе поминаа неколку месеци, во кои да забележиш дека ѕвездите се малку благонаклонети. И тоа не е ништо! Од средината на мај допрва почнува да ти оди се од рака. Има само еден услов: да не дозволуваш ниската самодоверба да ти попречи да го направиш првиот чекор кон успехот. Не се стеснувај – овозможи да блеснеш. Овој совет се однесува не само за кариерата, туку и за твојот личен  живот. Што се однесува до љубовта, 2016-а за тебе ќе заврши триумфално со огномет.

 

Стрелец
Пролет е твоето задоволство
Сенката на Јупитер ќе расфрли по патот на твоите страдања, болки, грижи и горчина, но сето тоа ќе биде привремено. Оние потфати за кои мислиш дека се ризични има шанса да излезат успешни.  Хаотичните флертови исто така може да доведед до нешто добро. Доаѓа пролет, твоето задоволство, искористете ја. Топлите денови ќе бидат исполнети со авантури и немири. Авантурите  нма да се само пријатни, ќе бидат и корисни за иднината. Колку и да е чудно, влегувате во речиси благоразумна фаза.

 

Јарец
Летни авантури
Нема да го познаеш Јарецот во тебе ова лето. Уште отсега си се упатиле кон борба, духовноста и мистиката те повикуваат  на издржливост. Затоа, не треба многу да се изненадите на среќата. Во тебе се буди и уметничкиот почеток.  Со расцветувањето на овошните дрвца , ќе процвета и творечката природа на твојот хороскопски знак. Слободните ќе бидат активни и иако важат за ладни личности тие отворено ќе приоѓаат на спротивниот пол. Кој не ризикува – не може да профитира. Со оваа филозофија слободните Јарци ќе имаат успешни летни авантури.

 

Водолија
Сè што е љубов
Се што не е поврзано со љубовта, би било празни епови, кога го опишуваат она што доаѓа од Водолија. Како типична Водолија, ти си во фаза, поволна за романтичните и партнерските односи. Од 12 август за тебе започнува 13-месечен период (до септември 2016 година), во кој Јупитер влегува во Девица – во осмиот дом, кој е одговорен за интимните врски и за спојувањето. Значи на претставниците на овој знак им претстои едно убаво лето, што може да заврши со врзување. Од јули ќе имаш голема среќа со парите, но мора да внимаваш да не се плеткаш со нечесни луѓе.

 

Риби
Што и да допреш, станува злато
Никогаш толку несебични и посветени на спасувањето на сите твои потреби, во наредните месеци на Рибите им е дојден моментот да запловат гордо во своите води. Како типичен претставник на овој знак себечноста ќе биде забележана, а за креативните напори ќе бидеш наградена. Помошта секогаш треба да биде неповратна а ти ќе го разбереш тоа на најдобар пријатен начин – ќе добиеш финансиска награда. Од средината на оваа година започнува тригодишен период на твојот успех во твојата кариера. Единствениот услов е да се стегнеш и да земеме работите во свои раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi