Љубовна компатибилност според вашето име и името на партнерот

31 август, 20150
46

Според Питагора “Се во животот може да биде претставено со помош на бројки“. Точно таа едноставна формула ја користат и експертите во областа на нумерологијата. Тие тврдат дека има дирекна врска меѓу човечката судбина, неговиот карактер и броевите, како и дека постои взаимност помеѓу број и буква.

Голем број нумеролози веруваат дека љубовната компатибилност помеѓу две души зависи од низа фактори и еден од нив имено се имињата или поточно  – збирот на броевите кои соодветствуваат на буквите од вашето име. За да откриете дали си одговарате со вашиот партнер и дали сте ја сретнале сродната душа е потребно да направите една едноставна калкулација.

Проверете според таблицата на кои броеви одговараат буквите од вашето име, како и името на партнерот и соберете ги. Редуцирајте го збирот додека не добиете едноцифрен број.

ПРИМЕР: Ана + Иван = (1 + 17 +1 ) + ( 11 + 3 + 1 + 17 ) =  51 = 5 + 1 = 6

А -1

Ј – 12

Т – 23

Б – 2

К – 13

Ќ – 24

В – 3

Л – 14

У – 25

Г – 4

Љ – 15

Ф – 26

Д – 5

М – 16

Х – 27

Ѓ – 6

Н – 17

Ц – 28

Е – 7

Њ – 18

Ч – 29

Ж – 8

О – 19

Џ – 30

З – 9

П – 20

Ш – 31

Ѕ – 10

Р – 21

 

И – 11

С – 22

 

Збир 1

Ако збирот е 1 тоа значи дека вие си одговарате многу, имате слични интереси и дури понекогаш ви се чини дека помеѓу вас постои необична телепатија. Но мошне веројатно е во оваа врска да се дојде до застој. Може да живеете со години заедно, и дури да создадете семејство, но во еден момент да почувствувате дека работите се мошне инертни.

Збир 2

На прв поглед имате површна врска, лишена од страст. Но тоа воопшто не треба да ве плаши. Дури напротив! Не мешајте го недостатокот на страст со идеалното поклопување. Ако помеѓу вас отсуствуваат секакви битови скандали и не лутате многу меѓу крајностите – љубов и омраза,  тоа секако не значи дека не постојат силни емоции.

Збир 3

Вашата вска е исклучително специјална. Таа се крепи на постоечки силни емоции и огромна страст. И кога пеперутките ќе исчезнат после некое време, тоа може да се покаже погубно за вашата врска. И двајцата имате голема потреба од тоа силно чувство, кое во почетокот е присутно кога сте заедно, и што и да се случи подоцна, никогаш нема да сожалувате за тоа што ви се случило.

Збир 4

Имате премногу различни карактери и ако емоциите не се доволно силни, оваа врска е проколната. За да останете заедно потребни се многу компромиси и од двете страни, трпение и подготвеност за промени. Оваа љубов дефинитивно ќе ви ги отвори очите за многу вистини и ќе ве направи помудри и позрели.

Збир 5

Вие ужувате во фантастична хармонија и баланс во врската. Се разбира баналностите ви создаваат проблеми понекогаш, но тоа повеќе е лекција за подобрување на ситуацијата. Ако емоциите се силни, сосема наскоро без многу труд ќе имате една многу квалитетна врска. Само бидете внимателни од влијанието на останатите.

Збир 6

Возможно е оваа врска да ви изгледа премногу досадна понекогаш. И дури да ве натера да се прашувате дали оваа љубов е вистинска. Но всушност меѓу вас постои силна хармонија и со многу малку луѓе би можеле да имате такви длабоки односи.

Збир 7

Оваа врска секогаш виси на влакно. Тоа е вечна борба на карактери и его. За да успеете откако силните страсти ќе исчезнат, ќе ви бидат потребни многу компромиси.

Збир 8

Најголемата опасност за вашата вска се недостатокот на разговори и недостигот на желба да се слушате еден со друг. И двајцата сте егоисти и силни карактери, затоа толку тешко комуницирате. Ако верувате дека тоа е вашиот човек, размислите што би се случило ако понекогаш наведнете глава и попуштите. Верувајте тој ќе го оцени тоа и ќе го следи примерот. Би можеле навистина да имате прекрасна врска, ако успеете барем малку да ги намалите границите на егото.

Збир 9

Огромна, дури и опсесивна страст во неограничени количини и силен оган! Сигурно многу пати сте почувствувале дека не можете да дишете, ако тој човек не е до вас. Најголемите проблеми кои би ви се случиле, ќе бидат поврзани со љубомора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *