Научив добри лекции од погрешни мажи

19 април, 20150
8

Не тагувајте и на раскинувањето гледајте од еден поинаков агол. Сега сте помудри и попаметни, а големи се шансите дека нема да ја повторите истата грешка.

1. Не се обидувај да ги промениш луѓето бидејќи нема да успееш

Не станува збор за малите навики кои ве иритираат, туку за карактерот. Ако нешто ме научија бившите, тоа е дека залудно си го губам времето за да ги променам.

Лекција 1: Им благодарам на бившите што ми покажаа дека луѓето треба да се сакаат поради она што се, а не поради она што можат да бидат.


2. Посилна си отколку што мислиш

Постојаните караници, солзите, паузите во врската, сè до конечното раскинување сигурно ти покажале дека можеш да издржиш сè.

Лекција 2: Им благодарам на бившите што ја тестираа мојата сила!


3. Љубовта не е доволна

Многу жени биле во врска со добри момци, но едноставно тоа не било тоа. Токму таквите ги научиле дека љубовта често не е доволна. Она што е потребно е повеќе од заеднички интерес. Слични цели, отворена комуникација, компромис, доверба и пожртвуваност.

Лекција 3: Им благодарам на бившите што ми ги отворија очите!


4. Ти си единствено одговорна за својата среќа

Во младите денови, секоја од нас ја направила таа грешка и дозволила среќата да ѝ зависи од другите.

Лекција 4: Им благодарам на бившите кои направија да се чувствувам толку бедно, што се заколнав дека никогаш веќе нема да дозволам мојата среќа да зависи од некој друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *