Од машки агол: Еве зошто сеуште сте сингл

26 септември, 20150
1
Терапевтот Џонатон Еслеј, кој воедно е и автор на бројни изданија на тема машко-женски односи, напишал доста интересна статија за тоа зошто некои жени и понатаму се сингл. Еве што мисли тој – која е причината за тоа…

Од моето искуство еден од најголемите предизвици за оние кои бараат љубов се контрадикторните ставови. Еден дел од нив сакаат љубов, а другите не сакаат да бидат повредени. Еден дел од нив сакаат врска, но другите слобода. Дали сега сфаќате зошто привлекувањето на партнер во животот може да биде тешко?

„Сакам врска, но не и излегувања“

Како поинаку мислите дека ќе создадете врска? Морате да излегувате за да ја пронајдете љубовта. Жените обично се плашат дека излегувањата и површните состаноци ќе траат цел живот, па затоа ги мразат

„Сакам добро моммче, но не сакам да се забавувам со некој кој е низок, дебел, ќелав, не заработува доволно…“

Добрите момци доаѓаат во сите облици, големини, образовни нивоа…Постојат добри момци кои се високи, образовани, но исто така се и ниски, можеби имаат вишок килограми и завршено само средно училиште. Можеби токму некој од нив може да биде љубовта на вашиот живот, затоа немојте никого да дискриминирате и да отфрлате.

„Сакам момче кое веднаш ќе ми се посвети, но нема да имаме секс додека не потврди дека сме во сериозна врска“

Верувајте ми, бидејќи знам – дури 98% од мажите се спремни да се обврзат дури после сексот. Може да мислите што сакате, но тоа е едноставно така. Сексот е многу важен фактор во врската за секој маж и сигурно нема да ветува сериозна врска додека не провери колку е жената сексуална. Тоа не значи дека веднаш треба да спиете со него, но едноставно не го очекувајте од него невозможното.

„Сакам љубов, но мора таа да ме пронајде мене. Доста ми е веќе од потрага по неа“

Тој вас не може да ве најде доколку се криете. Ако воопшто не излегувате, не наоѓате дечко на интернет и ги познавате сите пријатели на вашите пријатели вие всушност сте невидливи за мажите. Иако не сакам да го споредувам барањето на сродна душа со барањето работа – слично е! Ако сами не се истакнете, никој нема да знае дека постоите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi