Опасности по здравјето од нередовен секс

6 октомври, 20150

Нередовниот сексуален живот не е само „суша“ на љубовното и сексуалното подрачје, туку и потенцијален извор на низа проблеми. Запознајте се со нив и делувајте превентивно!

Со оглед на тоа што секојдневно сме бомбардирани со бројни сексуални истражувања, веројатно повеќето од нас знаат колку е добар сексот за психичкото и физичкото здравје на луѓето. Но, што се случува доколку не сте редовно активни во креветот?

Еве кои се последиците од нередовен сексуален живот:

Депресија

Доколку сексот нè прави среќни, тогаш многу е логичен фактот дека неговиот недостаток ни делува депресивно. Токму тоа го докажале американските истражувачи од универзитетот на Флорида во минатогодишното истражување.

Според нивното откритие, луѓето кои не уживаат редовно во сексот (намерно или принудно), почесто запаѓаат во депресивно расположение, а колку се почести епизодите на лошо расположение, толку се поголеми шансите за развој на депресија.

Инфаркт

Повеќе од 10 студии во изминатите 10-тина години потврдиле дека редовниот и квалитетен секс се поврзува со здраво срце. Секоја физичка активност е важна за здравјето на срцето, но сексот носи бројни блаодети бидејќи, како што објаснуваат истражувачите, освен физичката активност, придонесува и за лачење на позитивните хормони кои благотворно делуваат врз здравјето на човекот.

Неквалитетен сон



Нередовниот секс н е нужно одговорен за неквалитетниот сон, но докажано е дека квалитетниот и редовен секс значајно го подобрува сонот. Поточно, хормонот кој се испушта за време на и после сексот делува смирувачки врз организмот, благодарение на што полесно заспиваме. Со овие процеси, телото подобро се одмара и се обновува.

Недостаток на самодоверба

Освен физичкото задоволство, психолозите објаснуваат дека сексот го сакаме и затоа што после него се чувстуваме навистина добро. Тие изјави се потврдени и од страна на бројни истражувања. Иако не може точно да се објасни зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата, се претпоставува дека тоа е заради чувството на блискост и припадност кои сексот ги носи со себе, а истите несомнено сака да ги поседува секој од нас.

Од друга страна, пак, доколку во животот на еден човек нема доволно секс, многу е голема веројатноста дека нема да има ни доволно самодоверба.

Недоволна концентрација и лоша работна ефикасност

Луѓето кои имаат редовен сексуален живот значајно се поефикасни на работа, за разлика од оние кои не се активни на тоа поле. Токму заради хормоните кои се лачат за време на сексот, а кои одлично делуваат на психата и физичкото здравје, полесно е да се постигне добра концентрација, а со самото тоа и подобар професионален резултат.

Таквите резултати не се забележани кај луѓето кои имаат нередовен сексуален живот. Податоците покажуваат дека концентрацијата кај нив е на многу пониско ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi