“Останав сама после десет години брак. Се плашам, но конечно забележувам сонце”

6 јуни, 20150
4
Прочитајте ја приказната на оваа жена која туку што му ставила точка на својот брак и останала сама…

“Ноќеска ја сонував својата мајка која неодамна почина. Јас седам на столчето и ја надгледувам како ги мести завесите во нашата дневна соба. Ми кажа дека очекуваме гости.

Сега сум сама во нивниот дом. Толку е пусто и речиси апокалиптично тивко.

Минувам со погледот низ дневната соба. Толку многу предмети, толку спомени. Се чини дека секој детаљ во наизглед огромното пространство крие некоја своја приказна. Секоја зад себе остава невидливи последици, за кои можеби и никогаш не сме свесни.

Се пресретнувам со момчето на кое мојата мајка му изнајмуваше соба.– Веројатно сега сакате да го напуштам вашиот дом? Штета, бидејќи тука ми беше навистина пријатно, а и канцеларијата во која работам е сосема блиску. Всушност, веднаш зад аголот.

– Не, нема да мора да си одиш. Во секој случај добро би ми дошла помош при селидбата, бидејќи наскоро јас ќе живеам тука.

Застанувам и тонам во своите мисли, кои како по навика стануваат сè повеќе мрачни.

Само што останав без дом. Без единственото место на светот кое го чувствував како свое.

Единственото место каде што се чувствував безбедно, а сега сум принудена да се вратам во своето детство. Помалку се чувствувам како губитник. Десет години брак скинати како парче стара хартија. Се трудам на тие емоции да на се задржувам премногу долго. Сето тоа ме депримира.

Последните години се соочував со своите стравови, но не можам да кажам дека таа битка и успеав да ја добијам. Финансиските проблеми после мачниот развод се нижеа како еден по друг, а јас во таа борба бев целосно сама.После понижувањата, секојдневните тортури, контролата на секој мој чекор, збор, па дури и мисла, се чувствував скршено. Но, овојпат бев одлучна и имав надеж дека повторно ќе бидам среќна.

Научив да живеам со анксиозноста. Ја прифатив како логична последица од војната од која туку што излегов. Како победник? Па мислам дека да. И самата шанса за среќа е подобра од константната несреќа која со години ја трпев во бракот.

Сега одам понатаму. Чекор по чекор. Се надевам на добра ноќ и сончево утро. А што ако биде мрачно? Нема да биде. Сончевите зраци овојпат и низ најмрачните облаци ќе продрат, а јас ќе бидам тука за да ги поздравам.

Дожд? Само напред.

Дождот ќе ги испере сите наши гревови и оние неубави чувства кои нè враќаат назад во времето кога ја прифаќавме тагата во која се задушувавме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi