Оставив се поради него, а тој ме оставаше поради секоја…

6 јуни, 20150
15

Беше моето сè, а јас бев неговото ништо. Беше причината поради која се будев наутро, а јас бев неговата причина поради која го креваше телефонот во доцните часови, пијан ми се јавуваше, ми раскинуваше, без причина.

Го сакав без причина, а тој секогаш ме оставаше без причина.

Бев неговата причина поради која му се креваше машкото его и гордост во таван, додека јас со главата удирав во sид.

Оставав секој поради него, кога подобро ќе размислам, сите вределе повеќе од него, а тој… Тој ме оставаше поради секоја.

Секоја што ќе му намигнеше, секоја што ќе го погледнеше заводливо, секоја што ќе му се понудеше без срам, на тацна.

Се прашував зошто, како е можно се уште да сакам некој, кој ме гледа како никој?

Се прашував како може да не го оставам тој што ме остава постојано, засекогаш?

Се прашував и конечно го најдов одговорот. Тоа беше љубов, непознато чувство за него, тоа беше мојата лојалност, посветеност, тоа бев јас.

А тој беше моето секојдневно разочарување, оној што не ми посветуваше ниту половина внимание кое му го давав безрезервно, го трошеше моето време бесполезно, тоа беше тој.

Но, јас го оставив на крај тој, кој ме оставаше поради секоја, бескрајно, постојано.

Стана моето ништо, во моментот кога јас станав неговото сè, но му реков дека веќе доцна е, јас повеќе не сум неговата потпиралка на која се одмараше секогаш кога ќе го умореа оние поради кои ме оставаше.

Го оставив поради себеси, во моментот кога тој одлучи да ги остави сите поради мене.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi