Писмо од бившата жена: Благодарам што ми ги даде најтешките години од мојот живот

1 септември, 20150
11

Писмото од една анонимна жена упатено до нејзиниот бивш сопруг не остави никого рамнодушен. Треба да го прочита секоја жена чие срце било скршено и која се заљубила во личност која тоа не го заслужува. Овие зборови нè учат бившите, лошите љубовни врски и бракови да ги гледаме со други очи.

Драги бивши,

 Помина долго време откако даде сѐ од себе за да ме скршиш. За сите оние солзи кои ги потрошив сите овие безбројни ноќи, за сета онаа болка што ја чувствував во срцето во текот на нашиот брак – поради сето тоа сакам да ти кажам благодарам.

Благодарам што секој ден започнуваше кавги околу најглупавите нешта. Ме научи како да се одбранам на вистинскиот и на погрешниот начин. Со причина ме доведе до потполн колапс – за никогаш повеќе да не доживеам такво нешто.

Благодарам што не ми даваше доволно внимание. Ме научи дека недостатокот на комплименти, допири и спиењето на спротивните страни од креветот всушност влијаат на мене. Научив дека одвреме-навреме ми е потребен физички контакт и вербална потврда. Научив дека е во ред да чувствуваш потреба за тоа.

Благодарам што секоја недела ме тераше да седам на каучот и да гледам фудбал. Ме научи дека навистина имам попаметни нешта за правење отколку животот да ми се врти околу спортска игра.

Благодарам што ми ги даде најтешките години во мојот живот. Ме научи дека можам да преживеам без тебе и дека всушност сама ми е подобро.

Благодарам што беше толку опседнат со себеси. Конечно ме научи да се грижам сама за себе и за сопствените чувства.

Благодарам што секој месец ми се закануваше со развод. Ме научи конечно да сфатам дека блефираш и лично да ја спроведам твојата закана на дело. Поради тоа што го направив никогаш не сум се чувствувала понезависно и посилно отколку што се чувствувам сега.

Твоето исчезнување од мојот живот е најхуманата постапка во целата наша врска. И на крај, благодарам што помогна во создавањето на нова „јас“ која е сакана од некој друг кој ја заслужува.

Сега сум мажена за прекрасен маж и имаме прекрасен син. На сето тоа можам да ти се заблагодарам само тебе. Да не беше ти и сѐ грдо што ми се случи, немаше да бидам среќна сега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi