Писмо од поранешниот сопруг: Само да знаеш, повторно би се оженил со тебе!

1 март, 20150
10

Сте помислиле ли како би се чувствувале кога во еден момент ќе сфатите дека некој многу важен период од вашиот живот исчезнува засекогаш?

Што би направиле во тој момент? Би се помириле со загубата и би продолжиле понатаму или би останале на истото место потсетувајќи се на сите убави моменти.

Ова е честа дилема за која се поделени мислењата и чувствата. Понекогаш колку и свесно да сте сигурни дека можете да продолжите напред, има нешто што ве врзува и не ве пушта. Најчесто е тоа онаа посебна љубов, која знае да биде и погрешна, но толку силна и значајна што никогаш нема да го напушти вашето срце.

Токму таква, приказна има и Мајкл Шершир, кој по 20 години брак дочекал развод од сопругата која толку многу ја сака.

Одамна се плашел дека може да се случи такво нешто, но како што се потсетува на една германска поговорка: Волкот е поголем поради стравот! И тој сметал дека сè изгледа потрагично поради стравот од загубата.

Но, сепак, дошол денот, се случил разводот и сите преживеале. Она што останува е неговата љубов и почит кон сопругата на која ѝ пишува писмо на својот блог.

„Ти беше единствената константна личност во мојот живот. Всушност, подолго од сите други. Ти си гласот во мојата глава. Затоа би сакал да ти кажам неколку работи во првиот ден од нашата нова ситуација и врска:

1. Ти заслужуваш награда бидејќи издржа 20 години покрај човек како мене

– Двајцата знаеме дека не е лесно да се сака човек како мене. Постојано сум некаде, не спијам доволно, правам шеги од секоја ситуација, често ризикувам, а со тоа те вовлекував и тебе во непланирани авантури. Многу доцна сфатив дека некои мои нереализирани соништа, за тебе беа кошмари. Јас секогаш имав нови идеи и планови, а ти не можеше да го издржиш тоа темпо. Сепак, ти беше секогаш тука со твоите манири и шарм да ја смириш мојата дива природа и да ме следиш. Сега сфатив дека дури и кога многу од тие идеи беа успешни, тоа земаше жртва од она што го сакам. За тоа ми е многу жал.

2. Статистички ова е добра одлука

– Нели знаеме дека 50 проценти од браковите се разведуваат, а другите 50 проценти умираат. Па, веројатно го избравме подоброто.

3. Ти си прекрасна мајка

– Добрината, љубезноста и љубовта која ја имаш за децата се најубавото нешто кај тебе. Никогаш нема да сфатиш колку многу го анализирав твоето однесување и колку ме воодушевуваше со тоа што го правеше за тие да израснат во вакви деца какви што се денес. Ми се чинеше како ти да издишуваш љубов, а тие да ја вдишуваа.

4. Сакам да бидеш среќна

– Заслужуваш да бидеш среќна. Притисокот да имаш добар брак и тоа да го одржиш е вистинска борба. Искрено, среќен сум што нема да треба повеќе да се мачиш со тоа. За мене ова е она што треба да го правам во животот. Но, ти заслужуваш многу помирен и посреќен живот.

pismo-od-poranesniot-soprug-samo-da-znaes-povtorno-bi-se-ozenil-so-tebe-3.jpg

5. Само колку да знаеш, повторно би се оженил со тебе, дури и ако знам дека ќе заврши вака

– Не само поради трите прекрасни деца кои ги имаме, туку и затоа што јас сум поразлична и подобра личност поради тоа. Не можам да замислам дека би поминал сè во животот ако те немав тебе.

6. Не можеш да ме натераш да не те сакам

– Искрено, се обидував неколку пати самиот себе да не те сакам, да те мразам, но не можам. Едноставно, ти си премногу добра личност за да можам да не те сакам. Единствено нешто што ме изненадува е тоа што после разводот ние остануваме супер пријатели. Ние почнуваме, онаму каде што завршивме, како супер пријатели. Јас сум среќен што сè уште можеме нормално да зборуваме за нашите деца, животот, работата, музиката. За мене тоа е сосем нормално.

7. Секогаш ќе бидам тука за тебе

– Ми се допаѓа тоа што одиш на училиште, истражуваш нови авантури за патувањето низ животот. Јас ќе бидам секогаш тука, ако ти треба нешто. Затоа што те обожавам…и секогаш ќе биде така.

8. Не сум глупав. Знам дека жена како тебе нема долго да биде сама

– Многу е лесно човек тебе да те сака. Сакам да знаеш дека ќе те поддржам, без разлика кого ќе го одбереш понатаму во животот. Тука сум и ако треба нешто да споделам со нив.

Многу работи научив денес, можеби е смешно или чудно кога велам дека се радувам што ние завршивме добро, ако може некој развод да биде добар.

Но уште повеќе се радувам, ако останеме блиски пријатели до крајот на животот“.

Со цело мое срце…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi