Прости си себеси што ме изгуби…

3 септември, 20150
9

Не знам како се сретнавме јас, ти, твојата нова девојка и мојот дечко кој совршено ти ги ослепуваше очите на масата веднаш до нас.

Впрочем, не знам ниту зошто постојано се гледаше наваму, не знам ниту зошто седна до мене со неа, кога во центар имаше толку многу слободни маси за пиење.

Пиво, а за девојката смути рече.

Си се насмеав во себеси, но насмевката се разлеа на моето лице, не сакав, така ми дојде од внатре.

Со мене секогаш пиеше пивце, никогаш не одбивав, не глумев дама, бев вистинска дама, а дамата знае понекогаш да си пивне.

Моето момче ми дигна чашка да наздравиме за нашата среќа, а ти во истиот момент се сврти и го направи истото, бакнувајќи ја таа твоја девојка, кажувајќи и колку си среќен со повишен тон, секако за да слушнам јас.

Но, зошто?

Јас навистина сум среќна, не за твој инат, туку за мој мир.

Јас наздравувам за среќа, не бидејќи сум несреќна, туку бидејќи сум посреќна отколку кога бев со тебе.

Јас сум среќна во мој инат, не во твоја слабост.

Прости ми доколку те навредив со тоа што сум среќна и што наздравив во име на тоа заедно со мојата љубов.

Прости си себеси што ме изгуби.

За крај, прости му на твојата девојка што не е вистинската и засакај ја.

Биди среќен, бидејќи само доколку си навистина среќен ете тогаш можеш да предизвикаш трошка љубомора кај мене.

Во спротивно предизвикуваш сожалување, бидејќи она што е вештачко се познава, мириса на пластика.

Доколку сакаш да ми покажеш дека си среќен, тогаш биди среќен за твој мир, а не за мој инат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi