Што научив откако ја изгубив љубовта на мојот живот?

19 април, 20150
5

Постојат личности кои поради своето нетрпение, или од страв да бидат оставени ја уништиле врската која најмногу им одговарала со љубовта на нивниот живот, љубов која никогаш повеќе нема да ја вратат.

За истото да не ви се случи и вас, ова се 10те лекции кои може да ги научите пред да ја направите истата грешка за која ќе се каете цел живот.

Кажувајте те сакам!

Иако звучи како клише, понекогаш доволни се овие два збора за магијата во врската повторно да се врати.


Комуницирајте почесто и поотворено, еден спрема еден!

Наместо да испраќате сигнали и да кажувате двосмислени зборови, комуницирајте отворено. Партнерот исто како и вие не е способен да чита мисли.


Слушајте внимателно…

Во тоа е суштината, слушајте внимателно дури и кога тишината зборува, во тие моменти е најгласна, не завртувајте глава.


Почитувајте и ќе бидете почитувани

Едноставно и карактеристично за секој човек. Доколку сакаш да бидеш почитуван, почитувај дури и кога не те почитуваат, можеби постои проблем за кој треба отворено да се зборува. Не избрзувајте!


Обрнете внимание на ситниците и деталите

Тие ја градат целината и среќата во една здрава врска!


Поддржувајте го партнерот

Иако не се сложувате со неговата одлука или постапка, следете го и поддржувајте го. Доколку тоа што го прави е погрешно, ќе научи на своја грешка, во спротивно заедно ќе уживате во задоволството од правилно донесената одлука.


Грижете се за себе

Не запоставувајте се иако сте во врска, бидејќи во спротивно си наштетувате себеси. Кога се сакате себеси и воедно се грижите за вас, вашиот партнер ќе ве сака и ќе се грижи за вас уште повеќе, стравувајќи да не ве изгуби.


Правете го тоа што го сакате и сакајте го тој што е до вас, секој ден!

Не е потребно дополнително објаснување, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi