Што се случува во организмот по раскинувањето

28 ноември, 20150
10

Раскинувањето на врската е секогаш стресно и тешко, без оглед на причините. Со денови по раскинувањето чувствуваме тага, меланхолични сме, а понекогаш и бесни, но освен емотивните реакции се случуваат и физички промени кои може да влијаат на состојбата на вашето тело и вашиот изглед. Психолозите велат дека мозокот го доживува раскинувањето како „мала смрт“ на саканата личност, па не е ни чудо колку е тежок периодот по раскинување на врската. Денес ви откриваме какви физиолошки промени се случуваат во организмот по раскинувањето.

1. Физичката болка и зависноста се вистински – Можеби ви се случило по раскинување на врска да чувствувате болка во телото па треба да знаете дека тоа не е плод на вашата фантазија. Истражувањата покажаа дека по раскинувањето навистина може да чувствувате реална физичка болка при сеќавањето на поранешниот партнер или при гледање на негова/нејзина фотографија. Покрај тоа, чувството на зависност од некого е исто така реално. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Колумбија докажа дека личностите кои неодамна раскинале чувствуваат зависност од поранешниот партнер/партнерка слична на онаа која ја доживуваат зависниците од кокаин – желбата и физичката потреба која ја сигнализира мозокот е речиси идентична!

2. Зголемено лачење на адреналин – Адреналинот е хормон кој телото го лачи во моменти на опасност и го става организмот во состојба на екстремна напнатост овозможувајќи му на телото брзо да реагира во случаи на потреба за одбрана или спасување на животот. Тоа е  природен инстинкт. Каква врска има тоа со раскинувањето? Адреналинот е поврзан и со зголемен стрес и анксиозност кои настапуваат по раскинувањето, па напнатоста во мускулите која може да ја чувствувате е крајно реална појава. Проблемот е што во ситуации кога животот ви е загрозен адреналинот и кортизолот имаат поволна реакција, особено ако дојде до потреба за реакција. Меѓутоа, по раскинувањето зголеменото лачење на овие хормони може да донесе само негативни последици, бидејќи нема потреба за физичка реакција на телото. Нападите на бес и плачењето можат да бидат издувен вентил за да се ослободите од напнатоста која настанува.

3. Забавено функционирање на дигестивниот тракт – Повторно, главни виновници за ова се хормоните. Кортизолот кој интензивно се лачи кога сте во период на длабоко емотивно патење влијае врз намален доток на крв во дигестивниот тракт па се забавува неговото функционирање. Генерално, ова може да доведе до зголемување на масните наслаги. Па не е ни чудно што многу луѓе ја зголемуваат својата телесна тежина по раскинувањето.

4. Зголемено опаѓање на косата – Уште една појава поврзана со стресот. Маѓепсаниот круг во овој случај е неминовен. Раскинувањето предизвикува зголемена појава на стрес, кој е поврзан со зголемено лачење адреналин. Се јавуваат акни кои дополнително ве нервираат, а како капак на се и косата започнува да опаѓа. Стресот се таложи и се чини како да нема излез од оваа ситуација. Решение – одете на фризер и драстично променете ја фризурата. Промената ќе ви одговара и вам и на вашата коса.

5. Зголемен крвен притисок – Ова е сосема вообичаена појава за стресни ситуации, но не треба премногу да ве загрижува. Истражувањата покажаа дека стресот предизвикува зголемен крвен притисок, но на долг рок не може да предизвика хронични проблеми со притисокот. Меѓутоа, ако веќе имате проблеми со функционирањето на кардиоваскуларниот систем, стресот може да биде штетен за вас. Зголемениот притисок предизвикува главоболки, краток здив и проблеми со дишењето.

6. Синдром на скршено срце – Верувале или не изразот „ми се скрши срцето“ има свое буквално значење. Стресот може да влијае на зголемување на еден дел од срцето оневозможувајќи му правилно функционирање, додека другиот дел останува нормален, но фунцкионира со интензивирано темпо што може да доведе до краткорочно „откажување“ на срцевиот мускул. Стручно оваа појава се вика кардиомиопатија предизвикана од стрес или лаички кажано „скршено срце“. Добра вест е дека оваа појава е многу многу ретка и може да се  случи само еднаш во животот, а исто така е  и излечива. Истражувањата покажаа дека кон овој синдром жените се за 80% повеќе склони од мажите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi