Спермата го менува расположението на жената

1 август, 20150
24

На еден универзитет во Њујорк научниците направиле едно истражување со кое докажале дека спермата го подобрува расположението кај жените и дека нивната среќа може да биде во корелација со количеството сперма во нивното тело.

Тие тргнале од хипотезата дека „оралниот секс ги прави жените поздрави и посреќни“, а за да го докажат ова како и хипотезата дека „хемикалиите кои го менуваат расположението, а се наоѓаат во спермата“ делуваат во женското тело, тие направиле испитување на 293 жени.

Оние девојки кои не употребувале заштита при сексуален чин, што значи имале директен контакт со спермата, помалку се наклонети кон депресија. Од друга страна пак, резултатите од оваа анкета кои се објавени во Архивите на Sexual Behavior, покажале дека оние девојки кои користеле перзервативи при сексуален чин, како и оние кои што апстинирале од секс, се наклонети кон депресија и нивното расположение е на многу пониско ниво. Со ова истражување се сугерира и тоа дека расположението може да биде во корелација со количеството спрема во телото, па така, според лудите Амери, за поголемо ниво на среќа на жената и е потребно поголемо количеството семе во нејизното тело.

Спермата содржи кортизол, стероиден хормон кој го зголемува возбудувањето, потоа естрон и окситоцин кои го подобруваат расположението. Покрај ова во спермата се наоѓа и тиреотропин, мелатонин, па дури и сератонин – една од најантидепресивните хемикалии во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi