Убава си, но нема да ја замениш

3 август, 20150
5

Убава си, кукло. Би биле добар пар. Би биле одличен пар.
Но, не те сакам, девојко, имам една што за мене е кралица.
Една принцеза која ме чека да се вратам и која секојпат покажува само за мене љубов.
Таа со никоја не би ја заменил.
А, ти? На колкумина им ги покажа долгите нозе? На кому му докажа дека имаш најтесен струк? На колку машки друштва им расипа другарство? Те гледаат како мета за фалење, како другите девојки да немаат облини кои ќе ги наполнат машките раце, како да немаат срце што повеќе сака. Мојата не треба да си ја измери убавината со примање комплименти од маж до маж, јас сум тука да го заменам целиот свет и да ѝ го дадам на послужавник, на златен сад.
А, и таа има долги нозе, бидејќи секогаш ја носат кон мене.
Нејзините очи се најзелени, бидејќи вљубено ме гледаат мене.
Струкот ѝ е најтесен, бидејќи јас ја стегам со најсилната прегратка.
Косата ѝ е најмиризлива кога на гради ме гушка.
Усните ѝ се најмеки, бидејќи кажуваат кого безусловно сакаат.
Јас сум најмажествениот, бидејќи ми покажува колку само јас сум ѝ потребен.
И, не сакам пред сите да стојам до тебе на шанк за да видат кого сум прибрал, која сум уловил. Не си позаводлива кога играш како од Бијонсин спот, за мене дури и нејзиното чекорење е најсексиот танц. Доволно ми е да ми се насмевне како да е наивно дете. И јас сум покрај неа дете, го вади најдоброто од мене, ме прави човек кој вреди! И таа може да застане на шанк, може да се смее најгласно, може да трепка како пеперутка во лет, знае да шепка доволно „валкано“ и доволно нежно за да ме заведе и стопи. Да, тоа го може за мене. Тоа го може и на масата во кујната. Да пушти музика од лап-топот. Да запали свеќа како трепкач во диско. Да ми зготви скромна вечеричка. И јас тогаш го освојувам светот, не ми е потребна публика. Нејзе не ѝ е потребен ни шанкер, ни келнер, ни дежурен честач, ни симпатија од средно, ни љубоморен поранешен, ни белосветски женкар. Јас сум сѐ тоа за неа! Јас се претворам во сѐ што таа ќе посака. Ќе ѝ бидам и дечко, и маж, и вратар, и собар, и батлер, и швалер, и љубовник, и носач.
Бидејќи и таа сакам да ми биде сѐ мене.
И жена, и љубовница, и дама.
И мајка на моите деца.
Затоа, кукло, прибери си ги нозете и облечи пристојност. Ако си убава, ќе те забележат и во кошула до грло, и во фармерки до врат, и во капут до земја. Биди, нежна, искрена, таинствена и дама за да привлечеш ваков каков мене.
Не совршен, туку заљубеник во својата избраница. Тој ќе ти биде и шанк, и рамо, и љубов.
Да, убавино, убавеј за него, не за мене, бидејќи мојава нема да ја замениш.
Марија Лозаноска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi