Вистинскиот дечко знае кој и што му е на прво место

25 април, 20150
9

По раскинувањето на љубовната врска честопати ги преиспитуваме критериумите според кои сме стапиле во таа врска и се прашуваме како порано не сме сфатиле дека нашиот партнер е далеку од идеален, т.е. дека воопшто не ни одговара. Кон таквите преиспитувања најсклони се жените. Тие имаат потреба рационалниот дел од нивниот мозок да ја „доврши“ претходната врска пред да започне нова.

Она по што се разликуваат „добрите“ од „лошите“ партнери се всушност работите, навиките и особините кои можат многу бргу да се забележат уште на почетокот. Сè што Ви треба е малку внимание и објективност.

Ние ќе се обидеме малку да Ви помогнеме со овие 20 точки кои доколку се однесуваат на Вашиот партнер, тогаш вреди навистина да го задржите.

1. Ве става на прво место и Вашата врска е најважна. Со него немате чувство како да се обидува да Ве вметне во распоредот помеѓу пријателите и работата.
2. Свесен е дека Вашата врска му е важна и тоа и Ви го покажува.
3. Способен е да размислува за иднината, а во неа сте и Вие.
4. Не морате да се прашувате дали ќе се појави на состанокот, бидејќи знаете дека ќе дојде. Можете да сметате на него.
5. Вашите маани и несовршености кои ги забележуваат Вашите блиски, а и Вие самите, тој ги смета за слатки и забавни.
6. Способен е за компромис во расправија, со што покажува дека неговата цел не е задоволување на сопственото его, туку пронаоѓање на најдоброто решение за двајцата.
7. Не Ви кажува работи како „ако тоа не ти одговара, јас не можат да ти помогнам“.
8. Ви го покажува неговото внимание со ситници, како што се чоколадо, цвеќе, порака или неочекуван бакнеж.
9. Вашата среќа му е важна и сака да знае со што може да Ве направи посреќна.
10. Ве поддржува во амбициите дури и ако и Вие сакате да се откажете од нешто.
11. Чувствувате дека е тука за Вас и во лошите и во добрите денови.
12. Ги поддржува Вашите хобија, дури и оние кои не му се забавни, бидејќи знае дека Ве прават среќна.
13. Ги памти и неважните детали кои некогаш сте му ги кажале.
14. Знае во кој момент треба да замолчи и да биде тактичен.
15. Ве почитува Вас и Вашите пријатели, семејство, како и вашите потреби и желби.
16. Ве прифаќа таква каква што сте и не мисли дека нешто треба да менувате.
17. Не го сфаќа животот премногу сериозно и трагично и знае да Ве опушти.
18. знае да се оттргне од Вас и да поминува време со своите пријатели и да се занимава со работите кои го интересираат, но Вие тогаш не се чувствувате исклучено.
19. Се грижи за луѓето кои му се мили и му значи што тие мислат.
20. Не ветува нешто што не може или не планира да го исполни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *