Зошто „глупачите“ високо котираат кај мажите?

12 јануари, 20150
2

Верувале или не, но во текот на многувековната еволуција мажите не отишле многу подалеку од своите пештерски браќа, чија што главна цел била репродукцијата, а за забава уште од тогаш мажите се „ложеле“ на жени кои делуваат дека немаат баш премногу мозок во главата и единствената причина за тоа е што ги гледаат како лесен плен.

Во последниот експеримент научниците даваат на групата испитаници, кои припаѓаат и на двата пола, од понудените 88 фактори да направат листа со главни особини(карактеристики) кои најдобро би ја опишале жената која изгледа леснодостапна и за која не им треба многу труд за да се забавуваат со неа.

Меѓу понудените фактори се особини како грицкање усни, жени романтичарки, жени што бараат внимание со ексцентрично облекување или однесување, наметливи жени, жени со нападна и вулгарна шминка, жени со силикони и др. Потоа на групата биле дадени  фотографии на жени кои ги илустрираат ваквите особини, карактеристики и начин на однесување, па според тоа да проценат колку или колку не им делуваат ваквите жени привлечно.

И еве што покажале резултатите од експериментот: психолошките особини како незрелост или слаба интелигенција драстично го покачува рејтингот на овие жени. И се разбира, дамите кои делувале паметно не се котирале добро на листата на атрактивни жени според мислењето на мажите. Кога мажите биле прашани која од жените би сакале да ја запознаат, тие ги избрале токму жените кои изгледале најлеснодостапни.  Но сега доаѓа клучниот момент! Ги избрале нив, но видете до кога:

Сепак, кога требало да размислат за жените од фотографиите како за некој со кој би требало да реализираат сериозни односи или брак, глупачите сепак немале многу шанси.

Заклучокот на оваа студија е дека кај мажите, кога ќе забележат жена кај која има некаква психолошка мана или слабост, се јавува силна потреба и нагон сексуално да ја искористат. Интелектуалната инфериорност на жените ги прави лесен плен во машките очи и објект на краткотрајна сексуална забава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi