Бијонсе Vs Џенифер Лопез

14 јули, 20150
15

Бијонсе овие розови бермуди со кои подигна голема прашина во медиумите ги носеше во комбинација со портокалова блуза и чанта во светло зелена боја, а целата комбинација беше заокружена со смарагдно зелени обетки и златни сјајни прамени во косата.

Станува збор за интересна колор блок комбинација која што Queen Bey најверојатно ја позајмила од нејзината сестра Соланж. Од друга страна пак, само неколку дена откако Бијонсе се појави во ова секси издание, во слични бермуди беше забележана и Џенифер Лопез.

Таа ги носеше со проѕирна блуза од тантела во иста боја како и шорцевите, а целата комбинација беше заокружена со розови високи потпетици.

Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *