Модни комбинации за незаборавна зима
Денес ви претставуваме неколку фантастични модни комбинации за незаборавна зима. Суштината на облекувањето во зима е во слоевитоста, па затоа во една комбинација може да носите кошули, блузи и блејзери или пак јакни.
Пронајдете ги боите кои најмногу одговараат и носете ги. Дали тоа ќе бидат темни како кафената и црната или пак пастелни бои, одлучете сами.
Здолништата искомбинирајте ги со вашите џемпери. Додадете кожна јакна на вашиот омилен фустан. Оксфордките се одлични за оваа сезона и изгледаат совршено со скоро се, доколку не се нивен обожавател, тогаш чизмите до глужд се за вас. Широките џемпери повторно ќе бидат модерни оваа сезона, па затоа подновете се со еден нов.
Погледнете ги нашите предлози и одберете комбинација за секоја пригода.
Со падот на температурите и дождливото време дозволено ви е да носите слоевита облека, што пак само по себе носи голем број на комбинации.
Во продолжение ние ви претставуваме неколку клучни комбинации кои може да ги искористите оваа сезона и да изгледате прекрасно во нив.
Погледнете ги фотографиите и сигурно ќе најдете инспирација за вашиот зимски изглед.
Во продолжение неколку предлози како да го победите променливото зимско време, а воедно да имате супер модна комбинација.