Неколку модни трикови да изгледате послабо!

1 октомври, 20150
7

Дури 2/3 од жените сметаат дека имаат вишок килограми, но наместо диети или промена на режимот на исхрана, најчесто се одлучуваат за некои визуелни трикови, за да изгледаат послаби.

Големите чанти, темниот тен, големите очила за сонце и високите потпетици, се само дел од триковите кои жените ги користат за да изгледаат послабо.

Истржувањето во кое учествувале 2.000 жени, открива кои се најпопуларните начини на кои дамите се обидуваат преку облеката да ги сокријат вишокот килограми:

Носење облека во црна боја, која ги визуелно ги намалува облините;

Постигнување темен тен, дали со сончање, солариум или со производи за самопотемнување;

Преголеми чати кои ќе го „сокриат“ струкот;

Високи потпетици кои визуелно ги издолжуваат нозете;

Големи очила за сонце, за да лицето изгледа послабо;

Маици кои паѓаат преку струкот и се шират кај колковите, односно го прекриваат стомакот;

Големи ремени за да струкот изгледа потенок;

Облека со вертикални линии која визуелно го издолжува телото;

Фармерки до висок струк, за да нозете изгледаат подолги, а струкот помал;

Градници со корпи кои ги зголемуваат градите, и така прават струкот да изгледа помал;

Исправно држење на телото;

Фризури со волумен на косата, за да се истакне лицето, а не телото;

Јака шминка која исто така го одвлекува вниманието од телото, на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *