Оваа жена три години носела иста гардероба на работа – Еве поради која причина

15 април, 20150
6
Матилда Кал секој ден носела иста облека на работа цели три години. Нејзините колеги почнале да веруваат дека е во некоја секта, но вистината е сосема поразлична. 

Матилда е креативен директор на една голема маркетингшка фирма во Њујорк. Иако работи одговорна работа, таа секој ден во канцеларија доаѓа во иста гардероба. И така веќе три години.

После некое време нејзините колеги почнале да веруваат дека Матилда е во некоја секта и дека тоа е причината поради која се однесува „чудно“. Но, вистинската причина е нешто сосема друго. За што станува збор, објаснила во интервју за „Harper’s Bazaar“.


„Пред три години имав едно од оние типични понеделнички утра за кои верувам дека ги имаат сите жени. Имав еден многу важен состанок и немав поим што да облечам. Почнав да полудувам. Работам во фирма во која имам слобода да бирам што да облечам, но често се фаќам себе си како се преиспитувам ’дали е ова премногу формално?’, ’дали е премногу опуштено?’, ’дали претерав?’…. На состанокот отидов во гардероба поради која се покајав оној момент кога излегов од дома“, раскажала Матилда.

На состанокот стигнала со закаснување, без подготовка и со наопаку облечен џемпер. Тогаш сфатила дека размислувањето за тоа што треба да облече за на работа е голем стрес за неа.

„Мажите многу помалку време поминуваат во размислување што да облечат за на работа, па со самото тоа имаат и многу помалку стрес“, раскажала Матилда.


Таа донела одлука своите маки да ги скрати така што во наредниот период ќе носи исклучиво една комбинација на работа. Нејзиниот избор се бела кошула со сако или кожна јакна, во зависност од добата во годината. Мал личен детаљ во таа комбинација е мала машна која ја врзува околу крагната.

Неодамна, одлучила да ја промени својата униформа. Но, не многу. Нејзината нова работна униформа ќе биде само варијација на веќе постоечката. Еден ден отишла во шопинг и избрала кошула која сака да ја носи секој ден наредните месеци, а потоа се договорила со менаџерот на продавницата, веднаш да купи 15 парчиња од таа кошула по поволна цена. Сега ќе носи слична комбинација како претходните три години, а до кога ќе трае тоа не е познато.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *