Овие 5 бои ќе бидат во тренд оваа есен

29 септември, 20150
07

Разубавете си го секој ден така што ќе облечете една од овие 5 бои, кои ќе бидат во тренд оваа есен.

Темно зелена

zelena.m1

Оваа боја асоцира на елеганција и смиреност. Лесна е за комбинирање, одговара со сите пастелни и пудрести нијанси, а може и да ја носите во облик на додатоци како штикли, чанта, шал и накит.

Црвена

zelena.m1

Станува збор за многу остра боја која мора да ја носите исклучиво на еден дел од телото, или панталони или блуза. Одличен избор за лошите денови кога ви треба светла точка за насмевка.

Бургунди

zelena.m1

Како и секоја есен, така и оваа не може да помине без тоновите на виното. Темна, лежерна и елегантна, зависно како ќе ја искомбинирате. Секој аксесоар во оваа боја е добредојден, посебно ако на себе имате земјени тонови.

Тегет

zelena.m1

Тегетот се сложува со секоја соседна боја па затоа нема да погрешите ако ја носите секојдневно. Единствено на што треба да внимавате е како ја комбинирате со другите темни бои. Секогаш покрај тегетот носете некое светло парче гардероба или аксесоар кој ќе ја разбие темната монотонија.

Тиркизно сина

zelena.m1

Покрај тегетот, во тренд е и небо сината нијанса. Иако делува како летна боја, сепак оваа есен идеално ќе го надополни секој изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi