Северина во зелениот фустан од H&M

17 јули, 20150
4

Погледнете го ова преубаво издание на хрватската пејачка Северина во зелениот фустан од H&M кој го носеше со чанта од „Chanel“ и еспадрили.

Северина ни покажа како ова лето да носиме смарагдно зелена боја која беше во мода и претходната сезона. Таа овој пат нејзиниот стајлинг го зачини со луксузни брендови, а клучното парче беше со етикетата на еден од најпознатите брендови за улична мода, H&M кое може да се најде по многу поволна цена. Станува збор за долг проѕирен фустан од шифон од H&M кој во продавниците на швдскиот „high-stret“ бренд може да се најде по цена од околу 2400 денари.

Преубавиот зелен фустан Севе го комбинираше со минијатурна жолта чанта со препознатливото лого на „Chanel“, еспадрили од шпанскиот бренд „Manebi“ и очила за сонце од култниот бренд „Ray-ban“, додека целата комбинација беше зачинета со накит од познатиот хрватски дизајнер Ненад Совиља.

Па, дали ви се допаѓа оваа летна комбинација на Севе?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *