3 трендови во шминкањето кои ќе направат вистински бум оваа есен

27 ноември, 20150
15

Есента ни донесе поладно време, мирис на печени костени и нови трендови во шминкањето. Мејкап палетата се врти кон потемни тонови, а шминката станува појака и поефектна и бара посебна храброст и спремност за експериментирање.

Денес ќе се осврнеме на 3 трендови во шминкањето кои оваа сезона ќе направат вистински бум во светот на убавината.

1. Спротивностите се привлекуваат – Ако сакате со својот изглед навистина да оставите ефектен впечаток шминката која опфаќа комбинирање на сјајни и мат бои е вистинскиот избор.

Овој пат шминкањето отиде подалеку и нуди обратна варијанта. Наместо нанесување мат тонови на очите, а сјајни тонови на усните, потребно е да го направите сосема спротивното. На прво место акцентот повторно е на упадливите веѓи, па затоа фатете се за моливче и добро пополнете ги за да ги нагласите!

Нанесете сенка за очи во боја на праска но со дискретен сјај. Потоа, користејќи повеќенаменски балсам дајте им на капаците дополнителен сјај.

На усните нанесете мат кармин и вашиот изглед е готов!

2. Светло и слатко – Иако есента главно подразбира користење на темни тонови на лицето оваа сезона во тренд ќе бидат светли и слатки бои. Тие ќе му дадат свежина на вашиот изглед и феноменално ќе го истакнат лицето на бринетите.

На капаците нанесете сенка во светло сина нијанса.

На усните нанесете кармин во светло розева нијанса, а врз него балсам за усни за што поприроден изглед.

И тоа е тоа!

3. Впечатливи веѓи – Овој изглед не е за оние кои се плашат да експериментираат со шминката.

Помешајте пигмент во боја во гелот за веѓи и користејќи стара четка од маскара нанесете ја бојата на претходно исчешлани веѓи.

Потоа, време е за маскара, но не на вообичаениот начин на нанесување! Наместете ја четкичката вертикално за да добиете „неуреден“ изглед. Потоа вратете се на коренот и нанесете ја маскарата на вообичаениот начин.

Завршете го изгледот со техника за осветлување со помош на хајлајтер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *