Гел од 2 состојки: Лечи стрии, акни, пеги, изгореници и лузни

24 јуни, 20150
11

Веројатно многу пати досега сте слушнале за предностите кои ги има алое вера гелот исто како и кокосовото масло, но кога се работи за кожни болести, сигурно не ви текнало дека ова е мешавината која ќе ви помогне.

Алое верата и кокосовото масло е популарни состојки во сите лосиони за тело. Најчесто се користат посебно, но што ќе се случи ако ги искомбинирате нивните моќни здравствени придобивки?

Алое верата е добра за:

Лечење на изгореници од сонце
Се користи за смирување на иритираната кожа и кожните алергии
Лечи стрии, старечки пеги, акни и лузни
Ја хидрира и подмладува кожата

Кокосовото масло е добро за:

Се користи како природен навлажнувач со што го забавува стареењето на кожата
Посебно е добро за сува кожа
Има антибактериски и антигабични својства
И дава посебен сјај на кожата

За овој магичен гел потребно ви е:

1/3 чист алое вера гел, не сок
½ шолја органско кокосово масло (по можност во цврст облик)
Неколку капки етерично масло по ваш избор (ванила, роза, лаванда)

Подготовка:

Помешајте го кокосовото масло без да го стопите со алое верата во еден мал сад.

Смесата матете ја со миксер 5 до 10 минути додека не добие светла боја и густа текстура. Потоа додадете ги етеричните масла.

gel-od-2-sostojki-leci-strii-akni-pegi-izgorenici-i-luzni-02

Префрлете ја смесата во стаклен сад и чувајте на собна температура.

Како да го користите гелот:

Како и секој останат лосион за тело слободно мачкајте го на цела кожа. Сепак, најефикасен е по туширање кога кожата е влажна и порите се отворени.

gel-od-2-sostojki-leci-strii-akni-pegi-izgorenici-i-luzni-03 (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *