Како ќе изгледате ако спиете само по 6 часа?

19 мај, 20150
16

Жените во денешно време трудејќи се да постигнат да се докажат во сите полиња и како мајки и како сопруги и деловни жени, на крајот им останува премалку време за сон.

Најмногу што можат да си дозволат се 6 часа, иако научниците препорачуваат дека се неопходни барем 8 часа.

Кога некој ви го кажува тоа може да ви звучи како измислица од некое списание и сигурно не обрнувате премногу внимание.

Но, последиците се забележуваат за кратко време, а крајните резултати може да ве исплашат.

Сара Чалмерс е мајка на три деца која сакала да направи сопствена студија за тоа како влијае недоволното спиење на нејзиниот изглед.

Забележала дека изгледа многу постаро од тоа што е. Лицето ѝ било полно со длабоки бори, имала темни кругови под очите и изгледала истрошено и старо за нејзините 46 години.

Секојдневно била под стрес, секогаш се брзала за да успее да биде и добра мајка и сопруга и работничка.

Резултатот бил дека сите околу неа се задоволни, освен самата таа.

Сара изгледала старо. Кога собрала и одзела сè сфатила дека проблемот е во спиењето.

Во соработка со некои дерматолози решила да направи мало истражување за да види што се случува со нејзиниот организам и изглед како последица на различен број часови за спиење.

kako-ke-izgledate-ako-spiete-samo-6-casa-1.jpg

На почетокот 5 дена спиела по 4 часа, по што на прегледите било забележано дека има продлабочени пори на кожата. Наутро лесно се будела, но во текот на денот ја фаќало криза, се чувствувала како пијана.

Следните 5 дена спиела по 6 часа и само за 2 дена станала поуморна и почнала да заборава. Постојано била гладна и имала зголемен апетит за благо и грицки.

Кога отишла на дерматолог се забележало дека порите на лицето ѝ се уште подлабоки.

Поради ненаспаност доаѓа до намалено лачење на хормонот за раст што го забавува обновувањето на кожата. Исто така, црвените зони на лицето се подложни на бактерии и воспаленија.

Заклучок: Недостатокот на сон влијае на концентрацијата, помнењето и трпението. Од друга страна доведува до безживотен изглед на кожата, проширени пори, длабоки бори и темни подочници.

kako-ke-izgledate-ako-spiete-samo-6-casa-2.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi