Зошто вашите гради се олабавуваат?

10 октомври, 20150
20

1. Брзи диети – Константното губење и враќање на тие 3-4 килограми немаат голем ефект, но ако губите и враќате по 10-15 килограми, тогаш и треба да бидете загрижени. Секој пат кога ќе изгубите и вратите килограми, ткивото на градите се растегнува и со тек на време се опушта.
2. Пушење – Дури ни вашите гради не можат да ги избегнат негативните последици од пушењето. Пушењето на цигари ја ослабува и предвремено старее кожата.
3. Не употребувате креми со заштитен фактор – Ако се изложувате на штетните УВ зраци без никаква заштита, ќе добиете брчки, но на ист начин ќе започне да ви слабее и кожата на градите.
4. Носите градник кој не ги поддржува градите – Без разлика дали станува збор за едноставен дневен или лесен спортски градник, ако вашите гради немаат добра поддршка, тогаш тие започнуваат да се олабавуваат. Ако не сте сигурни која големина ви треба, најдобро е да посетите специјализирана продавница за продажба на долна облека и да побарате помош од продавачите.
5. Повторување на истите вежби – Некои стручњаци сметаат дека константното повторување на истите движења во текот на вежбањето, како на пример на аеробик, може да предизвика опаѓање на колагенот во градите. Но, пред да се откажете од трчањето, треба да знаете дека до опуштање на градите секако ќе дојде, а физичките активности се секако здрави за вас. Па затоа размислете што од оваа листа е плус, а што минус за вашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi