Американската влада потврди: Канабисот го убива канцерот

16 април, 20150
15

Неколку од Соединетите американски држави веќе ја легализираа, а сега е потврдена и најголемата причина за таков потег.

Истражувањето е спроведено од страна на Националниот институт за злоупотреба на дрога (NIDA), кој е директно финансиран од федералната влада. Резултатите покажуваат дека марихуаната има способност да намали дури и некои од најсериозните типови на мозочен тумор.

Во публикацијата на NIDA пишува: „Неодамнешните студии врз животни покажуваат дека марихуаната може да убие одредени клетки на канцерот и да ја намали големината на другите. Доказите од една од студиите сугерираат дека екстрактот од растението намалува некои од најсериозните типови на мозочен тумор“.

Исто така, при истражувањето врз глувци, се покажало дека екстрактот од растението, користен во комбинација со зрачењето, го зголемува ефектот на радијацијата при убивање на клетките на канцерот.

Имајќи го сето ова во предвид, се чини дека е на пат нов закон со кој канабисот ќе се ре-категоризира во соодветна категорија каде што ќе биде истакната неговата медицинска вредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi