Едноставен и ефикасен: “Лут“ крем против болки во мускулите, рамениците и грбот

25 јули, 20151
26

Ве боли вратот, грбот или рамениците од седење? Имате болка во мускулите? Направете ја наједноставната но мошне ефикасна крема против вакви болки. Тајната се крие во лутите пиперчиња.

Ова е наједноставна верзија но постојат начини да ја дополните.

Лутото пиперче содржи капсацин, кој го дава лутиот вкус, а истата состојка се наоѓа и во кремите за болки во мускулите, кои ги купуваме во маркетите и апотеките.

За да го направите овој крем ќе ви треба лута пиперка, чили,  (само семките) и какао путер.

Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какао путерот и ставете ги семките па добро измешајте.

Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне.

Рацете измијте ги после употребата на кремот и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина.

Во оваа мешавина можете да додадете и етерични масла од пеперминт и еукалиптус.

http://seedsmarket.co.za/images/976jalapeno_peppers.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *