Како да ја прочистите водата од хлор и зошто е тоа препорачливо

16 август, 20150
13

Водата од чешма е полна со хлор, а обично и со хлорамин, токсичен гас кој е популарно средство за дезинфекција.

Водата која ја пиеме не би смеела да содржи повеќе од 4 мг.хлор на 1 литар вода, но, за жал, се случува и таа граница да се премине.

Пожелно е да ја испитате водата која ја пиете, и тоа можете лесно да го направите со тестер (тест лента) за испитување на квалитетот на водата и количината на хлор.

Во секој случај, пожелно е да ја филтрирате водата која ја пиете, затоа што хлорот, долгорочно, е многу штетен за човековото тело.

Консумирањето хлорирана вода го зголемува ризикот од рак на бешиката, го зголемува нивото на холестерол и предизвикува астма и алергија. Исто така, лош е за кожата, очите и дишните патишта.

Многу здравствени организации советуваат, секогаш кога можете да го отстраните хлорот.

Како да го отстраните хлорот?
Наједноставен начин е секој пат кога пиете вода во чашата да ставите барем неколку капки сок од лимон, затоа што витаминот „Ц“ ја прочистува водата.

Сосема едноставно, водата можете да ја прочистите и со таблети витамин „Ц“. Обично за прочистување се советува 1 мг.витамин за 1 литар вода, а може да додадете и повеќе – зависи колку водата е хлорирана.

Водата можете да ја прочистувате и со филтери за вода кои се монтираат на чешмите. Исто така, хлорот можете да го отстраните ако го ставите садот со вода отворен, така хлорот ќе премине во гасна состојба и ќе испари. Сепак, за да испари целосно потребни се 2-3 дена.

Хлорот можете да го отстраните и со превривање на водата. Потребно е водата да врие 15 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi