Ова мора да го знае секој пушач: Ако веќе не можете да ги оставите, барем…

24 март, 20150
17

Пушењето е една од најштетниете навики кои еден човек може да ги има, а истото е многу раширено низ целата планета, па и во Македонија. Доколку сте еден од оние кои уживаат во цигарите, ова мора да го знаете.

Здружението на американските научници спровело истражување во кое учествувале две и пол илјади пушачи. Земени им се примероци од крв, а сите испитаници пополниле анкета во која им се поставени бројни прашања за нивните животни и пушачки навики.

Резултатите покажале како дури 32 посто од луѓето секое утро својата прва цигара ја запалуваат во првите пет минути после будењето. Испитаниците кои тоа го правеле имале највисоко ниво на несакани дејства на токсични материи од цигарите, во однос на оние кои не пушеле во првите 30 минути.

Заклучено е дека оваа навика е посебно штетна за постарите пушачи.

Научниците предупредуваат дека оние кои својата прва цигара ја запалуваат толку рано, го вовлекуваат димот од цигарите подлабоко и подолго го задржуваат во телото, имаат најголеми шанси да заболат од рак на усната шуплина и белите дробови.

Ако веќе не можете да се откажете од цигарите, наутро пред пушење задолжително каснете нешто и дозволете му на организмот нормално да се разбуди пред да го шокирате со отрови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *