Природен лек за покачување на железото во крвта

25 јануари, 20150
12

Потребни состојки: 

1 кг. лимони, 

1 кг. цвекло, 

1 кг. моркови.

Лимоните се мијат и се цедат, а кората ситно се сецка и се меле во машина за месо.

Цвеклото се мие, се сецка и се меле. Морковите исто така се мијат, се сецкаат и се мелат во машина за месо. Смесите од лимоните, цвеклото и морковите, освен сокот од лимон, се мешаат и се оставаат 5 часа да отстојат. Потоа смесата се процедува и во исцедокот се додава сокот од лимоните, се додава 2 литра вода и добро се промешува. Се собира во стаклени тегли или шишиња и се чува во фрижидер. Се пие една чаша дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *