Само растворете го во вода и решете се од киселини, болки во грлото, грчеви, икање, настинка, сало…

14 јуни, 20150
26

Дознајте какви здравствени придовки има овој природен елексир и како да го употребите во различни ситуации. Станува збор за јаболков оцет чија примена е доста популарна во последно време.

Грчеви во стомакот

Ако причина за дијареата (пролив) е бактериска инфекција, јаболковиот оцет ќе ви помогне благодарение на своите антибактериски својства. Оцетот содржи пектин кој ќе ги смири стомачните грчеви. Растворете 2 лажици оцет во млака вода и испијте ја течноста кога ќе почувствувате болка.

Против икање

Испијте една лажица јаболков оцет. Киселината ќе го спречи икањето.

Проблеми со варењето на храната

Пред оброк испијте го следниот народен лек: во чаша топла вода растворете лажица мед и лажица оцет. Се пие 30 мин пред оброк.

Воспаление на грлото

Штом почувствувате болки во грлото веднаш почнете со конзумација на оцет со цел да спречите понатамошно ширење на инфекцијата. Повеќето бактерии не виреат во кисела средина. Правете гаргата со јаболков оцет на секој час.

Недостаток на енергија, исцрпеност

Аминокиселините од јаболковиот оцет делуваат како противотров. Оцетот содржи калиум и ензими кои ќе го отстранат уморот и ќе донесат прилив на енергија набрзо откако ќе испиете 2 лажици оцет растворени во чаша топла вода.

Грчеви во нозете

Овој стар народен лек вреди да се проба: растворете една лажица оцет и една лажица мед во чаша топла вода и испијте ја течноста пред легнување.

Избелување на забите

Наутро направете гаргара со јаболков оцет, бидејки помага да се отстранат флеките, а воедно ги избелува забите и ги уништува штетните бактерии во усната шуплина, па така штити и од кариес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi