Шест тешки отрови кои секојдневно ги внесувате во телото

3 септември, 20150
5

Ова се само 6 од многуте опасни отрови кои секој ден ги внесувате во телото:

Бисфенол А

Главна состојка на пластичните шишиња, а се користи и за обложување на внатрешноста на лименките.

Штетни последици: На телото му делува слично како хормонот естроген, па го поттикнува предвременото влегување во пубертет. Може да предизвика проблеми со плодноста и да ја искомплицира работата на срцето.

Како да се заштитите: Избегнувајте конзервирана храна, а ако веќе мора да ја користите, штом ја отворите лименката, префрлете ја во керамички сад. Ако користите пластични шишиња, задолжително бирајте ги оние со озната BPA free. Со оглед на тоа што овој отров може да го има и на садовите за мраз, ако пиете пијалак со неколку коцки мраз не го пијте до крај и не го јадете мразот.


Фталати

Се наоѓаат во капсулите, пилулите и пластичните кеси, па се до козметиката и некои гелови. На кесите им ја подобруваат еластичноста, а на козметиката и овозможува поубав мирис и подолг рок на трање.

Штетни последици: Ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото, а посебно го нарушуваат лачењето тестостерон.

Како да се заштитите: Избегнувајте производи со вештачки мириси, козметика на која пишува дека има фталати и трудете се храната да ја ставате во стаклени и керамички садови наместо пластични.


Перхлорати

Истражувањата покажуваат дека перхлорати најмногу има во јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот.

Штетни последици: Влијаат на работата на штитната жлезда која управува со сите хормони во организмот и го отежнува користењето на јодот.

Како да се заштитите: Секогаш е добро да го знаете потеклото на храната која ја јадете, но ако тоа е невозможно, барем фокусирајте се да го збогатите менито со храна богата со јод како на пример морски плодови.

Олово

Најголемиот загадувач кој може да се пронајде дури и во водата.

Штетни последици: Како и сите тешки метали, така и оловото тешко се чисти од организмот. Може да предизвика зголемување на хормонот за стрес, кортизол, како и да се наталожи во пределот на нозете и да предизвика проблеми со моториката и циркулацијата.

Како да се заштитите: Обидете се да јадете органска храна и да пиете филтрирана вода. Никако не ја користете водата од бојлер за пиење.


Жива

Живата е нуспроизвод на тешката индустрија која може да се најде во голем број од рибите и морските плодови.

Штетни последици: Големи количини на жива во организмот може да го поремети менструалниот циклус и овулацијата. Плус, ги оштетува клетките на панкреасот кој го регулира нивото на шеќер во крвта.

Како да се заштитите: Не ги избегнувајте рибите и морските плодови, но бирајте помали риби. Колку што е рибата помала, толку се намалува и можноста за апсорбирање на овој метал.


Перфлуорирани хемикалии

Се користат во производството на садови со нелепливо дно. На пример, се наоѓаат во картоните за пица или пакетчињата за пуканки направени во микробранова.

Штетни последици: Исто така и овие хемикалии влијаат на работата на штитната жлезда, а со самото тоа и на сите хормони во телото. Неколку истражувања откриле дека можат негативно да влијаат и на плодноста кај двата пола.

Како да се заштитите: Читајте ги декларациите и поретко користете ги садовите со нелепливо дно. Во никој случај не ги тријте и гребете. Определете се за керамички садови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi