Што зборува положбата во која спиете за Вас?

6 март, 20150
6

Ајде да видиме кој во која положба спие и што тоа кажува за нас?

sleep positions

Фетус

Луѓето кои спијат склопчени во положба на неродено бебе, се најчесто луѓе кои изгледаат силно однадвор, но со многу меко срце од внатре. Често, се срамежливи во друштво кое не го познаваат, но кога еднаш ќе се опуштат се едни од најзабавните.

Положбата на фетус е една од најчестите позиции во кои луѓето спијат, а на истражување спроведено од 1000 луѓе, дури 41% од нив, спијат токму вака. Во ваква позиција спијат двојно повеќе жените, од мажите.

Клада

Ова е положбата кога лежите на страна, а двете раце се испружени паралелно до телото. Луѓето кои спијат во оваа положба се весели, опуштени, секогаш дел од големо друштво и склони да им веруваат на луѓе кои малку или воопшто не ги познаваат, заради што често имаат проблеми.

Емотивец

Луѓето кои спијат на страна со двете раце подадени пред себе се најчесто луѓе со отворен ум и прилагодлив карактер, но истовремено знаат да бидат и цинични, зајадливи и сомничави.

Овие луѓе многу тешко носат одлуки, но кога еднаш ќе „пресечат“, повеќе никогаш нема да се премислат.

Војник

Овие луѓе спијат така што лежат на грб, а рацете им се спуштени до телото. Се верува дека ваквите луѓе се неверојатно тивки, повлечени и резервирани кон околината. Не сакаат гужви, а за себе и блиските поставуваат високи стандарди.

Слободен пад

Позиција кога лежите на стомак, рацете се околу или под перницата а главата е зафрлена на страна. Овие луѓе се едни од најдруштвените, но и луѓе со најголем внатрешен немир. Не поднесуваат критики, не знаат да се справат со екстремни ситуации и најчесто се нервозни и раздразливи.

Морска ѕвезда

Луѓето кои спијат во оваа положба, всушност лежат на грб, а рацете се подигнати над перницата или под главата. Овие луѓе се многу добри пријатели, бидејќи секогаш знаат да ги сослушаат другите и да им понудат помош кога е потребно.

Скромни се и не уживаат кога се во центар на вниманието.

Истражувањата околу тоа кој, во која положба спие покажало и дека мнозинството луѓе не ја менуваат позицијата во која спијат. Само 5% од испитаниците потврдиле дека тие немаат дефинирана положба на спиење, па различно спијат секоја ноќ.

Исто така, е направено и истражување за влијанието на положбата во која спиеме со нашето здравје.

Заклучокот е дека позицијата на „слободен пад“ е корисна кога имаме проблем со варење на храната, додека луѓето кои спијат во позиција на „војник“ и „морска ѕвезда“ во текот на животот ќе имаат проблеми со ‘рчење или кошмари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi