Bentley го претстави својот најбрз автомобил
11 септември, 20160
Автомобилот на Bentley, Flying Spur W12S е еден од најбрзите автомобили во својата класа во целата историја на оваа марка. Забрзува до 100км за 4,5 секунди, а може да постигне максимална брзина од 325км на час!
Главниот извршен директор на Bentley Motors, Волфгенг Дајрхајмер го опиша новиот автомобил како идеално превозно средство за возачи и совозачи. Станува збор за динамичен, силен, удобен и добро дизајниран автомобил.
Цената се уште не е позната, но компанијата смета дека ќе ги продаде сите направени автомобили од овој модел пред крајот на годината.