23 јануари, 2017

Радио

Автомобилот Mercedes-AMG GT4 е заснован на моделот GT-R, а е наменет за растечката GT4 категорија на тркачки автомобили.

Иако досега беа објавени само тизери, AMG тврди дека GT4 е заснован на Mercedes-AMG GT R кој е наменет за патиштата, а мора да признаеме дека овој тркачки автомобил изгледа импресивно.

Надворешниот дел се одликува со голем заден спојлер, тркачки гуми и голем вентилациски отвор на поклопувачот на моторот, како и нови истакнати аеродинамични компоненти во предниот дел. Фокусот на дизајнот е безбедноста, а спецификациите сѐ уште не се објавени.

Стандардниот модел GT-R се движи на 4,0-литарски V8 битурбо мотор тјуниран на 577 КС, а автомобилот е тежок 1.554 килограми. Секако, реално е да се очекува дека тркачкиот автомобил GT4 е посилен и полесен.

GT4 претставува обид на компанијата да се прошири во “Customer Sports” трките, а претходно произведениот GT3 автомобил беше заснован на Mercedes-AMG GT.

Кога ќе се најде на тркачките патеки, Mercedes-AMG GT4 ќе има жестока конкуренција од веќе постоечките ривали со GT4 спецификации, како што се Ford Mustang, BMW M4 и McLaren 570S.

 

Остави коментар

Почетна // авто-мото // Импресивен тркачки автомобил од фабриката на Mercedes AMG
Горе